Nothing ќе ја претстави втората генерација од нивниот смартфон, иако првично кажаа дека тој нема да биде претставен наскоро и дека нема потреба од толку брзи надградби, на 11 јули, точно за една недела од денес.

Nothing Phone (2) ќе биде доста голема надградба во споредба со ланскиот модел, а тоа во главно ќе се види преку неговите карактеристики. За разлика од средно високата класа во која беше првиот модел, оваа година Nothing ќе влезе во висока класа. Овој телефон ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, па иако тоа не е најновиот чип од Qualcomm, тој е многу блиску до него со перформансите, а ќе овозможи пониска цена на уредот.

Од компанијата прикажаа слика од задниот дел од Nothing Phone (2), по кој и се препознатливи. Повторно телефонот ќе дојде во две „бои“, односно светла и темна, а останува и препознатливиот проѕирен заден дел со повеќе сијалички.

Како што се очекуваше, телефонот не добива некој драстичен редизајн, па може да се каже дека се работи само за освежување. Поставеноста на сијаличките е скоро иста со ланскиот модел, а направени се само мали промени по кои ќе може да се види разликата со претходниот модел.

Претходна статијаSafari го држи сигурното второ место на пазарот, додека Chrome останува на првото
Следна статијаКорисниците на Pocket ќе мора да користат Firefox сметка од идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.