Фото: Netflix.com

По пуштањето на Netflix Game Controller апликацијата минатата недела, јасно стана дека гласините за пуштање на игрите од компанијата на телевизорите се точни и можеме да ги очекуваме наскоро.

Со ова Netflix влегува на пазарот на стриминг на игри, иако тие засега се игри во главно за мобилните и таблет компјутерите, па не може да се споредат со тие од играчките конзоли, на пример.

За почеток оваа новина се тестира и е достапна само за корисниците во Канада и Обединетото Кралство, а и во овие земји само за мал број на корисници.

Две игри им стануваат достапни преку одредени телевизори, а тие игри се Oxenfree и Molehew’s Mining Adventure. Во неделите што следат игрите ќе им станат достапни и на корисниците на PC и Mac компјутерите преку страната од Netflix.

Корисниците ќе можат да ги користат нивните тастатура и глувче, а на телевизорите ќе се користи Netflix Game Controller апликацијата која наликува на поедноставен контролер од играчките конзоли, очекувано.

Со тек на време тестот треба да се прошири на повеќе уреди, а и во повеќе земји. Не е познато кога од компанијата планираат пуштање во целиот свет, па ќе почекаме за таа информација во месеците што следат.

Достапноста на игрите преку телевизорите дефинитивно донесува нова вредност на оваа апликација која не е баш позната по добра содржина изминатите години, а тука е и тргањето на можноста за споделување на лозинката.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаFirefox на Android повторно ќе добие поддршка за додатоци
Следна статијаXiaomi ја претстави третата генерација од нивниот MIX Fold уред на преклоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.