DCIM100MEDIA

Она што е интересно за нашите корисници е дека набрзо дел од новитетите прв пат презентирани на годинашниов VMWorld, како и партнерските решенија, ќе бидат имплементирани во neoCloud

Кон средината на месецов, од 12-ти до 15-ти октомври, во Барселона, Шпанија, се одржа годишната Конференција за виртуелизација и нови технологии, организирана од страна на VMware. Во рамките на настанот беа одржани повеќе од 250 предавања и презентации на преку 135 технолошки партнери, проследени од 10.000 посетители. На овој досега најголем IT настан организиран на европското тло од страна на VMware, беа презентирани како никогаш досега најактуелните виртуелизациски технологии, но и нови концепти кои во наредните година-две ќе станат мејнстрим и ќе го редефинираат ИТ светот.

Како и изминатите неколку години, на овој настан од Македонија учествуваше водечката македонската ИТ компанија Неоком, која минатата година и официјално го промовираше сопствениот јавен cloud базиран на VMware технологиите ( neoCloud – http://neocloud.mk ). Неоком од страна на VMware е сертифициран ентерпрајз партнер и сертифициран клауд провајдер.

Но, што се случуваше на четиридневната програма на годинашниов VMware, секако најголемата ИТ манифестација и настан што се одржа во прекрасната Барселона?

Првиот ден беше наменет само за партнерите кои броеја околу 2.500 учесници. Од страна на VMware беа презентирани сопствените стратегии, цели и визии кон партнерите, истовремено пренесувајќи го она што ја шокираше целата IT индустрија во изминатите денови: Dell постигна договор со EMC за целосно преземање во вредност од 67 милијарди долари. Но, што значеше ова за VMWare како независна компанија во сопственост на EMC? Договорот, сепак, вклучува VMWare и понатаму да остане независна компанија (нормално во сопствеништво на Dell). Што реално ќе се случи, да оставиме времето да покаже.

На вториот ден и официјалниот почеток на конференцијата (под наслов: Ready For Any), покрај стандардните предавања, вежби, саемски дел, дружење и други активности, се одржа првата генерална презентација, на која челниците на VMWare ги презентираа новитетите и насоките во кои ќе се движи индустријата.

Најпрвин беше презентиран продуктот VMWare vRealize Automation v7 за cloud автоматизација и провизионирање на решенија во различни хибридни cloud инфраструктури. Визијата на VMWare за cloud computing е дека нема да постои една ексклузивна cloud computing платформа, туку успехот на компаниите го гледаат во комбинирањето на сопствени и јавни cloud computing платформи.

Во таа насока беше презентиран и проектот со кодно име Project Bonneville, за интегрирани апликативни контејнери преку интеграција со постоечкиот софтвер за виртуелизација, како и преку дедицирана платформа користејќи го новиот оперативен систем Photon OS. За крај, беше презентирана новата платформа – vCloud Network Functions Virtualization (NFV) наменета за телекомуникациските оператори.

Третиот ден на генералната презентација беше претставена новата верзија на NSX платформата за виртуелизација на мрежни уреди и безбедност, како и насоките за понатамошен развој. VMware NSX за помалку од две години успеа да се етаблира на пазарот и да стане референтен продукт за секој cloud оператор. Во таа насока neoCloud планира истиот да го имплементира во првиот квартал од 2016-та година.

Од останатите продукти беа презентирани новата верзија на VMWare AirWatch, како и поддршката за Microsoft Windows 10.

На крајот на големиот ИТ настан, Генералниот директор на VMware, Пет Гелсингер, ги презентираше Петте императиви за дигиталниот бизнис. Обраќањето на генералниот директор беше инспиративно, едукативно и мотивирачко за имплементирање. Вечерта, пак, вообичаено беше резервирана за VMWorld забавата на која свој настап имаше Faithless. VMWorld e прочуен по своите забави и овојпат го одржа етаблираното реноме.

neocloud-logo

Она што е интересно за нашите корисници е дека набрзо дел од новитетите, како и партнерските решенија, ќе бидат имплементирани во neoCloud, при што понудата ќе биде надополнета со нови иновативни решенија и понуди за македонскиот пазар. Нормално, истите технологии, Неоком ќе им ги понуди и на крајните корисници за имплементација во сопствените системи.

Претходна статијаFacebook Message Requests овозможуваат полесно контактирање на непознати корисници
Следна статијаСнимањето на звуците за новата Need For Speed