NASA

После повеќе години на истражување, NASA потврди дека на светлиот дел од Месечината е откриено присуство на вода. Водата е најдена во еден дел на површината од „Клавиус“ кратерот кој се наоѓа на јужната хемисфера од Месечината кој се гледа и од Земјата.

Откритието доаѓа по откривањето на присуство на мраз во темните и скриени делови во други кратери, а се верувало дека водата не може да остане на површината од Месечината, која нема атмосфера, а е осветлена од Сонцето.

Неколку претпоставки се поставени за тоа како е можно водата да ја има во овој дел, а се верува дека или истата е донесена со метеорите кои не ретко ја погодуваат површината на Месечината или е создадена од честичките кои стигаат од Сонцето.

Како и да е, откриено е дека Месечината е „влажна“, иако за 100 пати помалку од пустината Сахара, а количината која е пронајдена се истакнува дека може да ја собере во шише од 340 милилитри.

Откритието е направено од страна на „SOFIA“, односно Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy од NASA. Се работи за Boeing 747 специјално прилагоден авион, опремен со потребните инструменти и алатки.

Со цел избегнување на водената пареа во атмосферата на Земјата, блиску до површината, авионот лета на висина од околу 13 километри од каде многу полесно и поточно може да се направат саканите истражувања.

Во продолжение можете да го погледнете кратко видео од NASA за најава на откритието или да ја прочитате нивната официјална статија со сите стручни детали.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаHuawei ги претстави FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет
Следна статијаYouTube на мобилните доби неколку мали промени кои го подобруваат корисничкото искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.