Минатата недела NASA успешно го испрати својот петти ровер на Марс. Perseverance успешно слета на црвената планета и по неколкудневното тестирање на системите ќе ја започне својата мисија за барање на знаци за поранешен живот на планетата. Местото каде што слета роверот е посебно избрано поради верувањето дека порано таму имало река, па шансите за докази за живот се сметаат за поголеми.

NASA оваа недела ги објави и првите слики од слетувањето на Perseverance, како и слики од самиот ровер, а најави дека кога ќе заврши добивањето, ќе го објави и видеото во висока резолуција од процесот на слетување.

Ова видео сега е спремно и објавено за гледање, а од агенцијата објавија и панорамска слика од роверот, како и првите звуци кои ги има снимено.

„Ова видео од слетувањето на Perseverance е најблиску што можете да дојдете до слетување на Марс без да облечете вселенски скафандер. Треба да стане задолжително гледање за младите жени и мажи кои не само што сакаат да истражуваат нови светови и да го изградат леталото кое ќе ги однесе таму, туку исто така би сакале да бидат дел од разновидните тимови кои ќе ги постигнуваат сите овие цели во иднина.“ – истакна Томас Зурбушен од NASA.

Видеото, панорамската слика, како и звуците, можете да ги погледнете во продолжение.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаНационална конференција за претставување на Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан во Македонија
Следна статијаNetflix автоматски ќе симнува филмови и серии за гледање офлајн според вашиот вкус
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.