Фото: Shutterstock.com

Откако не се остварија предвидувањата за претставување на нови iMac компјутери за оваа година на WWDC, сега може да се каже дека предвидувањата се нешто пореални.

Сега, Марк Гурман најавува дека нови верзии од iMac се тестираат, но може да се очекуваат дури идната година, барем овие за кои тој говори. Се работи за 32 инчни iMac компјутери кои ќе работат на M3 чипот кој ќе биде направен на 3nm процес од TSMC поради што се очекуваат добри подобрувања на перформансите и ефикасноста.

Моментално корисниците можат да го купат само 24 инчниот iMac со М1 чипот од 2021 година. Уредот може да се каже дека и во 2023 е одличен за голем дел од корисниците, но 24 инчен екран сепак е мал.

27 инчната верзија Apple никогаш не ја надгради од Intel чиповите, па остана да се чека на нешто како најавата од Гурман.

Покрај тоа што се очекува iMac да добијат 32 инчен екран, може да се очекува дека и изборот на чипови ќе се зголеми, односно не треба да изненади доколку биде достапен избор со Pro верзиите од М3.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНови гласини го најавуваат пуштањето на Windows 12 до крајот на идната година
Следна статијаThreads од Meta засега се покажува одлично со популарноста кај корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.