Фото: Shutterstock.com

Во најновиот финансиски извештај кој го објавија од Netflix, стои заклучокот дека донесената мерка да се стави крај на споделувањето на лозинката со пријателите, покажува резултати.

Бројот на корисници кои започнале да плаќаат самите за Netflix, како резултат на мерката, е поголем од тие кои се одлучиле да ја откажат. Со тоа, сервисот има добиено скоро 6 милиони нови корисници.

Овој „успех“ од компанијата се смета како причина да мерката биде проширена во остатокот од светот, па иако нема поконкретни информации, изгледа може да се очекува и во нашата земја.

За разлика од претпоставките пред пуштањето на мерката, доплата може да се направи само за еден дополнителен корисник кој не е дел од истото домаќинство, а цената е доволно висока за да повеќе се исплати тој корисник да почне да си плаќа сам посебна сметка.

Доколку оваа мерка дојде и во Македонија, корисниците кои сакаат да почнат да си плаќаат своја посебна сметка, историјата на гледање, предлозите и слично, односно својот профил можат да го префрлат на таа нова сметка, а по ново и на некоја стара доколку веќе имаат креирано.

Засега доплатата за корисници надвор од истото домаќинство е пуштена во САД, Канада, Нов Зеланд, Португалија и Шпанија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаТМ Рох најавува нов Samsung дизајн и иновации инспирирани од вас
Следна статијаНовиот Outlook доаѓа пред-инсталиран во најновата тест верзија од Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.