ios-app-store

Повеќето апликации достапни на корисниците на мобилните платформи се бесплатни, посебно најпознатите апликации од поголемите компании. Тие што не се бесплатни обично можат да се купат за некоја прилично ниска цена која што се движи од 40 – 120 денари.

Апликациите кои што имаат цена од 500 денари, па нагоре, обично не ги ни погледнуваме. Меѓутоа доколку се погледнат најскапите апликации достапни за корисниците на iOS, тогаш 500 денари за апликација веќе не изгледа толку скапо.

На листата можат да се најдат различни видови на апликации од кои што за некои од нив цената може да се каже и дека е оправдана. Таков е случајот со неколку апликации кои што претставуваат и еден вид на учебници за доктори и ветеринари. Меѓутоа, кога ќе се видат цените на некои од апликациите кои што нудат навигација, игри и слично, се поставува прашањето што мислеле програмерите кога ја одредувале цената.

Најскапата апликација на оваа листа е vueCAD Pro и може да се купи за 999,99 долари. Се работи за апликација за гледање и промена на CAD фајлови кои што се прават со AutoCAD програмата, на пример. Оваа програма се користи за дизајнирање на одредени објекти и слични структури и се користи од компании и професионалци кои што имаат потреба од ваква апликација.

Уште една апликација во оваа категорија од 1000 долари е и CyberTuner, апликација која што се користи за штимање на пијано и слични инструменти.

Целосната листа на најскапи апликации за iOS е прикажана на следниот графикон.

the-most-expensive-apps-in-the-world-1427041842.29-9778046

Извор: Gizmodo, BI

Претходна статијаTapBattlz – едноставна но заразна македонска Android игра
Следна статијаПреку надградба на софтвер, Tesla ќе може да вози сама (не баш)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.