Mobile World Congress е најголемото светско собирање на компаниите за производство на мобилни уреди, организирано од GSMA и се одржа во Mobile World Capital во Барселона од 27-ми февруари до 2-ри март. На конгресот се претставија голем број на нови гаџети.  Од телефони и лаптопи, до паметни часовници и слушалки и се што е измеѓу, во продолжение Ви ги претставувам најдобрите и најинтересните гаџети кои беа претставени на Mobile World Congress 2017.

  • LG G6

LG G6 има огромен 5.7-инчен екран на кој батеријата повеќе не е лесно менлива односно нема задно капаче. Изработен е од метал и пластика и како и повеќето уреди од неговата класа е водоотпорен. Екранот изгледа многу добро и поради тенките рамки изгледа како да е од крај до крај, односно како целиот уред да е од стакло. Има Dual-Lens задна камера и wide-angle 5mpx предна камера. Процесорот многумина го сметаат за слабост на овој уред бидејќи е Snapdragon 821, истиот како кај Google Pixel, можеби некои очекуваа да биде имплементиран некој од новата генерација на Snapdragon процесори.

  • “Новиот” Nokia 3310

Доколку сте носталгичар и сакате да се вратите во едно поедноставно време, со новиот уред на Nokia можете да го постигнете тоа. Најверојатно сите се сеќавате на култниот Nokia 3310 за кој што има легенда дека Чак Норис не можел да го скрши. Оваа година Nokia се одлучија се воскреснување на овој модел. Со 2,4-инчен екран и со ДОООООЛГОООО траење на батеријата, овој уред ќе ги освои срцата на носталгичарите и оние на кои им е потребен мобилниот телефон само за јавувања.

  • Samsung Gear VR with Controller

ИТ компаниите ширум светот во последно време се сконцентрирани на развивање на технологијата за виртуелна реалност. Но, Samsung со својот Gear VR моментално е најдобриот произведувач на опрема за виртуелна реалност. Samsung останаа доследни на последниот модел на Gear VR само што оваа година го претставија нивниот безжичен контролер кој би требало да биде еден вид на магично стапче кога се користи Samsung Gear. Сепак, безжичниот контролер се продава одделно …

  • Huawei Watch 2

Huawei е сериозна конкуренција на Apple и на Samsung кога се во прашање смартфоните и гаџетите. Според мене Huawei е подобар од Samsung со новите P10 модели. Но, можеби Apple треба да се плаши бидејќи новиот паметен часовник на Huawei е одличен! Батеријата држи до 25 дена со едно полнење на ниска потрошувачка, кога работи само како мерач на чекори. Има вграден GPS, оптички мерач на пулс, NFC за бесконтактно плаќање и има одличен класичен дизајн.

  • Huawei P10 и P10 Plus

Според мене најголемиот конкурент на Apple во моментов, Huawei, ги претстави одличните P10 и P10 Plus модели со две Leica 20-мегапикселни камера од задната страна што е доста импресивно! Има нов процесор за слика со овозможен 3D детектор за лица, со што ќе можете да сликате импресивни портрет слики и слики со bokeh стил. Го користат одличниот осум јадрен Kirin 960 процесор. Ќе доаѓа со меморија за складирање на податоци од 32GB па до 128GB и 4GB RAM за P10 и 6GB за P10 Plus. Големиот избор на различни бои на куќиштето исто така е предност за овој модел на Huawei.

Ова се според мене едни од најдобрите гаџети за оваа година, се разбира до настанот на Apple во март, кога сите овие ќе бидат заборавени ?

Претходна статијаТрибина: Вредноста на македонската архитектура денес
Следна статијаAsus TinkerBoard е помоќен конкурент на Raspberry Pi 3