Ние повторно пишуваме историја како прв производител кој ќе ги поврзе мобилните корисници со 5G мрежа користејќи ја moto mod технологијата. Со до 10 пати повисока брзина од современата безжична технологија, помалку задоцнување и поширок фреквентен опсег, пристапот до 5G мрежите ќе ја зајакне мобилната поврзаност и драстично ќе го подобри смартфон искуството.

Подгответе се за непрекинат 4К live пренос и видео разговори, гејминг без задоцнување и прекинување, VR емоции и највисоката брзина на преземање податоци досега. Со 5G, користењето на смартфоните ќе стане неспоредливо побрзо и поглатко за корисниците и ќе им овозможи на бизнисите да ја подобрат ефикасноста и продуктивноста на своите вработени во движење. 5G дури ќе доведе и до нови и возбудливи можности кои сеуште не се измислени.

По две години проширување на можностите на смартфоните со подобри карактеристики за фотографии, звук, живот на батеријата итн., Motorola го претстави целосниот потенцијал на moto mods™ платформата, нудејќи ја првата технологија на пазарот со 5G.

Денес имаме задоволство да го претставиме првиот 5G мобилен уред кој поставува нов почеток за видео преносот, поврзувањето на смарт уреди во домот, работатата од далечина и гејмингот во AR и VR средини. Motorola соработува со Qualcomm за да го реализира овој огромен скок за мобилната индустрија, со користење на предводникот Snapdragon X50 и компоненти кои работат со милиметарски бранови.

Бескрајни можности со 5G

Следејќи ја нашата долга историја на иновации, нашата цел беше да им ја дадеме на корисниците оваа значајна технологија во моментот кога е подготвена и да продолжиме да бараме нови начини да ги понудиме најдобрите мобилни уреди на планетата. Денес, ние ги подигаме мобилните технологии на повисоко ниво со тоа што не само што ги трансформираме уредите, туку и она што е во нив и ги движи.

Преземање со 5G: гледајте го омиленото шоу без прекин

Денес сè се случува во движење – од јадење до гледање филмови. Всушност, повеќе од 50% од младите луѓе сакаат да гледаат видео содржини на нивниот смартфон. Со новата 5G мрежа, кога минувате стотици километри на час и патувате повеќе од кога било, можете да ја преземете најновата сезона на вашето омилено шоу во HD формат за неколку минути, пред вашиот авион да полета.

Спектакуларно искуство со 5G: Не пропуштајте гооооооол, кога гледате преку вашиот телефон

За време на Светското првенство во фудбал регистрирани се 486 милиони барања за пренос на натпреварите, но 93 милиони од нив беа неуспешни заради грешка во преносот или бавен старт. Со 5G мрежа можете да гледате во живо без никакво задоцнување. Во иднина, 5G ќе ви овозможи уште попривлечен VR, за да можете да видите што се случува околу вашиот дом.

Споделување со 5G: Направете совршена слика за време на одморот и веднаш споделете ја со пријателите и семејството Исклучително важно е да имате пристап до сигурна мрежа кога сакате да ги објавите вашите омилени моменти од одморот. Со 5G, можете да прикачите и испратите 300 фотографии за времето што ви е потребно за да направите совршен Маи Таи. Во иднина, ќе бидете во можност да ги збогатите вашите способности, особено кога сте во странство, со природен превод на јазик во реално време. Ова ќе ви овозможи да разговарате со странски туристички водичи, хотелски персонал и новите пријатели со леснотија.

Гејминг со 5G: Играјте цела ноќ со сигурна врска

5G мрежата го намалува доцнењето и буферирањето на вашите AR и VR игри и обезбедува глатки перформанси, што значи дека можностите се бесконечни. Според проценките, во 2019 година 40% од корисниците во САД ќе користат AR апликации на своите мобилни уреди. 5G ќе создаде свет во кој вашите деца ќе комуницираат со реални херои во паркот користејќи VR очила.

Образование со 5G: Учете надвор од училницата

Над 88% од децата ги користат смартфоните барем еднаш неделно да пишуваат домашна работа и 64% од студентите ги користат смартфоните за да подготват предметни работи и други проекти, учениците можат да користат AR за посета на историски споменик, да рекреираат значајни говори или да работат заедно на различни проекти со своите врсници од целиот свет во реално време.

Претходна статијаКреиран за целото семејство: Samsung го претставува Galaxy Tab A 10.5’’
Следна статијаТотал ТВ стана нов Трговски Партнер на Cashback World