Motorola го претстави моментално нивниот најдобар смартфон во понудата и слободно може да се каже дека ќе претставува доста добра конкуренција на останатите. Motorola Edge 40 Pro доаѓа со неколку карактеристики кои го издвојуваат од конкурентите, а тука е и нешто пониската цена од 900 евра.

Телефонот доаѓа со 6,67 инчен FHD+ pOLED екран кој има стапка на освежување од 165 херци. Ова е нешто што доста ретко го гледаме и прави да 120те херци кај конкурентите изгледаат малку. Сепак, поголемата стапка од 120 херци во главно може да дојде до израз кај одредени игри.

Екранот, а и генерално уредот, се заоблени од страните, но не само левата и десната, па Edge 40 Pro доаѓа со уште една уникатна карактеристика и е заоблен од сите страни. Со тоа се добива нешто поразличен дизајн и впечаток дека екранот и нема рамки.

На предната страна се користи слој против отисоци од прсти и Gorilla Glass Victus, додека на задана страна е поставен слој против отсјај.

Екранот кај телефонот доаѓа со поддршка за Dolby Vision HDR, HDR10+, а тука е и поддршката за Dolby Atmos и Moto Spatial Sound од компанијата.

Motorola Edge 40 Pro работи на моментално најдброто на пазарот, Snapdragon 8 Gen 2, како и LPDDR5X RAM во комбинација со UFS 4.0 простор за податоци кој има капацитет од 256GB.

Телефонот има вкупно четири камери, односно три на задната страна со 50 мегапиксели кај главната со оптичка стабилизација на сликата, како и автоматско фокусирање на секој пиксел. Втората камера која е со ултра широк агол на сликање, исто така има 50 мегапиксели, додека третата, камерата за зумирање доаѓа со 12 мегапиксели.

Интересно, Edge 40 Pro се издвојува и по селфи камерата, па таа доаѓа со 60 мегапиксели, прилично нестандардно, а посебно кај конкурентите од највисоката класа.

Motorola ги истакнува и софтверските можности вградени за камерата, како што се тие за ноќно сликање, стабилизација на хоризонтот, автоматско фокусирање при видео снимање и слично.

Уште една карактеристика го издвојува Motorola Edge 40 Pro од конкурентите, а тоа е брзото полнење на батеријата која има капацитет од 4600 mAh. Полначот е со 125W, а од Motorola истакнуваат дека може да ја наполни батеријата за 23 минути, што значи дека полнењето во стандардни услови ќе трае само 10тина минути.

Телефонот се најавува за продажба во Европа и Латинска Америка по цена од 900 евра. Ова секако не е ниска цена, но е пониска ако се спореди со конкурентите од истата класа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Motorola
Претходна статијаNASA ги избра и претстави астронаутите кои ќе бидат дел од Artemis II мисијата
Следна статијаНеофицијални слики ни ја прикажуваат наредната генерација од еден од најдобрите Android таблет компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.