Кога се разговара на тема монитори, некако се добива впечаток дека единствените корисници кои ја разбираат важноста и им даваат значење на мониторите, се „гејмерите“. На нив им е јасно колку голема разлика прави мониторот за доброто корисничко искуство, а останатите корисници, посебно тие во компаниите, некако завршуваат со тоа што ќе им се „падне“.

Сепак, не се игрите единствената активност на компјутер кај која изборот на монитор прави доволно голема разлика за да може да се каже дека изборот на еден ваков производ директно ќе влијае на корисничкото искуство на корисникот, а со тоа на крајот и ефикасноста на тоа што најмногу се прави на компјутерот.

Слободно може да се додаде дека изборот на монитор оваа година е уште поважен поради големиот процент на луѓе кои работат од дома. Со други зборови, за подобро и ефикасно вршење на работата, важно е да се избере соодветен монитор за конкретната работа.

Живееме во време кога на повеќето компании им е јасно дека условите во кои работат вработените директно влијаат на нивната ефикасност, односно желба и можност за завршување на нивната работа. Како што е важна платата, околината каде работат, столчето и слично, мониторот останува еден од заборавените фактори, освен кога се работи за компанијата која работи со дизајн или слични области, па мониторите „мора“ внимателно да бидат избрани.

Зависно каква работа е во прашање, има различни монитори кои можат да овозможат подобро завршување на таа работа. Боите и контрастот се важни за тие кои работат со дизајн, резолуцијата се покажува како важна за било која работа, можноста мониторот да се прилагоди во повеќе позиции се покажува како важна работа кај медицинските работници, финансиските и слично.

Нема работа за која не постои точно развиен монитор кој ќе овозможи подобро корисничко искуство на тој што го користи, а со тоа и да го подобри резултат на крај.

Истражувањето на компанијата Forester покажува дека корисничкото искуство и задоволство на вработените директно влијае на растот на бизнисот, преку директната поврзаност на задоволството на вработените со нивното услужување на клиентите.

Според Forester, 58% од вработените во нивното истражување истакнале дека нивното подобро корисничко искуство придонесува кон тоа да тие подобро ги услужуваат своите клиенти. 47% од вработените се сложуваат дека нивното корисничко искуство и задоволство е поврзано со искуството на клиентите.

Да го поврземе ова истражување, на задоволството на вработените со задоволството на клиентите, а на крајот со растот на бизнисот, со важноста на изборот на монитор во искуството на вработените, па да го истакнеме истражувањето на Dell.

Според ова истражување, 88% од вработените истакнале дека подобра резолуција и монитор во кој повеќе можат да се внесат кога работат, ја подобрува нивната продуктивност. 65% од вработените истакнале дека можноста за поврзување на работи на мониторот е важно за нивната секојдневна работа.

Од друга страна, дури 93% од медицинските професионалци истакнале дека можноста за прилагодување на мониторот според висина, можноста за вртење и накосување, овозможува подобро седење и удобност за вработените.

Dell како еден од најпознатите производители на монитори, кои слободно може да се каже и дека се први во светот, во својата понуда имаат монитори кои ќе се погодат како посебно потребни и привлечни за сите видови на работа.

Повеќе категории на монитори од Dell го прават изборот полесен, зависно кои се потребите на компанијата, односно и индивидуалниот краен купувач. Dell има одговор на барањата на потребите на корисниците во сите категории.

UltraSharp серијата на Dell е составена од голем избор на монитори. Истата е наменета за креативците, односно за корисниците за кои резолуцијата и боите се клучни во нивната работа. Оваа серија нуди и заоблени монитори, нешто што прави огромна разлика кога ќе се земе и поголем монитор.

Точноста на боите кај UltraSharp серијата прави да ова е првиот избор на тие што работат со дизајн, односно било каква графика, а ретко кој на пазарот успева да се приближи.

Овие монитори можат да се изберат до 4К резолуција, што е очекувано за категорија која е наменета за овој вид на купувачи.

P серијата на монитори од Dell може да се каже дека е наменета за пошироката бизнис јавност, односно не само за креативците кои работат со графика, дизајн, видео и слично. Овие монитори се карактеризираат со тенки рамки од страните, со што се овозможува спојување на два или повеќе монитори без да остане голема рамка помеѓу нив.

Овие монитори се наменети за вистинска продуктивност, па покрај можноста за поврзување на повеќе монитори и нивно поставување еден до друг, овозможуваат вртење во различни позиции и овозможување на повеќе формати на гледање на сликата, зависно потребите на корисникот.

Dell Е серијата е наменета за корисниците кои сакаат да поминат со нешто пониска цена, но сепак да користат монитор од брендот Dell и квалитетот кој оди со него. Исто така, Dell во својата понуда има и монитори со поголеми формати наменети за конференциски соби и презентација.

Dell Display Manager

Без разлика за кој Dell монитор би се одлучиле, сите доаѓаат со посебен софтвер Dell Display Manager кој овозможува лесно и дополнително прилагодување на мониторите.

Dell Display Manager се добиваат следните можности за прилагодување:

  • Можност за избор на дури 38 зачувани позиции на екранот каде во различни формати ќе се постават „прозорите“. Ова е надополнување на Windows Snap функцијата на Windows 10, која ја подобрува ефикасноста при работа, со тргање на потребата да се прилагодува големината на повеќето отворени прозори во исто време.
  • Контрола на што и колку се прикажува кога се користат повеќе монитори
  • Контрола на сликата која се прикажува од повеќе компјутери
  • Прилагодување на боите, светлината, контрастот и резолуцијата
  • Зачувување на прилагодувањата и нивно брзо активирање преку кратенки на тастатурата
  • Заштеда на енергија

Застапник за Dell производите, меѓу кои и мониторите, за нашата земја е Макпетрол Dell центар. Од вработените можете да ја добиете целата помош која ви е потребна при изборот на правиот монитор за вас, а ние како клиенти на компанијата повеќе години, можеме слободно да ги препорачаме.

Претходна статијаТедески и Станковиќ – “еден на еден“ на Weekend Media Festival
Следна статијаOnePlus Nord ќе биде претставен на 21-ви јули преку настан со проширена реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.