Поради веќе познати причини, театарските претстави нема да може да се гледаат во периодот што следи, а оваа ситуација изгледа ќе потрае барем уште некој месец. Со цел редовните посетители на театрите, а секако и сите други, да можат да продолжат да гледаат претстави додека, се надеваме, седат дома, Македонскиот Народен Театар ќе почне со пуштање на претстави преку нивниот YouTube канал.

Адресата на каналот е следната, а програмата за претставите за овој месец е следната (линковите исто така ќе бидат пуштани на Facebook страната на МНТ):

  • 18.3 – Сомнително лице
  • 19.3 – Изгубени Германци
  • 20.3 – Парите се отепувачка
  • 23.3 – Да тргнеме Сењор
  • 24.3 – Мајсторот и Маргарита

Одлична идеја од МНТ, па од вечер во 20 часот можете да почнете со гледање.

Претходна статијаТоп 10 материјали за Коронавирусот (дел 2/2)
Следна статијаHuawei прогласен за кандидат број 1 со 3.524 патенти според рангирањето на Европската канцеларија за патенти за 2019 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.