Нешто слично како што направи со Windows 7, Microsoft на корисниците на Windows 10 ќе им овозможи програма за продолжување на поддршката и после официјалниот нејзин крај во 2025 година.

ESU – extended security update програмата на корисниците ќе им овозможи да ја продолжат поддршката на Windows 10 до три години, односно до 2028 година. Истото ќе им биде овозможено со доплата, како што беше случајот со Windows 7, но корисниците се надеваат на пониски цени овој пат.

За разлика од Windows 7, ESU програмата за Windows 10 ќе ги вклучува и обичните корисници, односно нема да им биде достапна само на бизнисите и организациите.

Програмата секако нема да вклучува нови функции за Windows 10, па корисниците ќе можат да ги добијат најновите безбедносни надградби, како и исправка на одредени грешки. Надградбите би биле достапни секој месец, како што е случајот пред истекот на официјалната поддршка.

Microsoft им препорачува на корисниците да сепак ги надградат своите компјутери на Windows 11, најбезбедниот Windows како што го нарекуваат, но не секој ја има таа можност, а трошоците за купување на нови компјутери не се прифатливи за секого.

На бизнисите Microsoft им нуди и друг начин да го користат Windows 11, а тоа е преку претплата на Windows 365, односно користење на системот преку „облакот“. За овие корисници ESU програмата за Windows 10 ќе биде бесплатна, односно истата ќе биде покриена со претплатата за Windows 365.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија
Следна статијаBeeper Mini ја донесува iMessage комуникацијата на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.