Microsoft најави дека подготвува целосно преработена верзија од Teams апликацијата, па сега ја гледаме првата јавно достапна тест верзија која корисниците можат да ја пробаат.

Покрај очигледните визуелни промени, новата Microsoft Teams е побрза, поефикасна, донесува нови „паметни“ функции, а тука е и Copilot за Microsoft Teams, вештачката интелигенција која е тука да ги сумира состаноците, да креира текстови и слично.

Една од главните новини кај Microsoft Teams е целосно преработениот код. Апликацијата сега е двојно побрза во споредба со моменталната стабилна верзија, а во исто време троши и дупло помалку од ресурсите на компјутерот. Од Microsoft најавуваат дека ова е само почетокот и во иднина може да се очекуваат уште поголеми подобрувања на перформансите на Teams.

Од компанијата истакнуваат дека ја имаат поедноставено апликацијата, што вклучува промени во корисничкиот интерфејс, но и функционалноста на апликацијата, како на пример, пребарувањето на разговори, известувањата, менаџирањето на пораките, организирањето на каналите и повеќе.

Една од подобрите новини кај оваа апликација е можноста да се остане најавен со различните сметки кои корисникот ги користи за Microsoft Teams. Веќе нема да мора да се одјави од едната, па да се најави со другата сметка за да може да види дали има нешто ново, па известувањата ќе бидат тука за сите сметки.

Се разбира, не е можна нова верзија без во истата да биде вградена вештачката интелигенција, која очигледно ќе ја гледаме во скоро секој производ од компанијата. Microsoft Copilot е тука да им помогне на корисниците со сумирање на состаноците, креирање на текст и многу повеќе.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Microsoft Tech Community
Претходна статијаApple го има прикажано уредот за проширена реалност на врвните менаџери во компанијата
Следна статијаWindows 11 ќе овозможи поделба на „виџетите“ и листата со вести
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.