Фото: Shutterstock.com

Пред претставувањето на Windows 11, главното внимание го привлекуваше верзија од Windows наречена Windows 10X. Голем дел од функциите на оваа верзија, а посебно визуелните елементи, станаа дел од Windows 11, но сепак некои од главните новини останаа како идеја и делуваше дека се откажани.

Познатиот портал кој ги следи сите новости околу Microsoft, Windows Central, објавија дека Microsoft продолжува со плановите да го модернизира Windows, а овој пат проектот внатре во компанијата е наречен CorePC и се смета како продолжување, односно наследник на проектот Core OS и Windows 10X.

Под модернизирање на Windows се мисли тргање на огромниот број на постар код и поддршка за стари апликации. Ова е нешто што влијае на брзината на системот, процесот на надградби, па дури и безбедноста.

Начинот на којшто Microsoft планира да ги реши овие „проблеми“, односно да го модернизира Windows е сличен со планот со Core OS. Разликата кај CorePC е што не се планира целосно преработка на кодот и тргање на поддршката за старите апликации, па новите верзии од Windows се планира да се прилагодуваат на уредот на којшто се користат.

Ова значи дека доколку Windows работи на послаб уред наменет за образовните институции, каде што доста добро се држи Chrome OS, достапни ќе бидат само Microsoft Edge, веб апликациите, како и Microsoft 365 апликациите, со што барањата за хардверот и големината на системот ќе бидат многу помали.

Според информациите на Windows Central, конкурентот на Chrome OS направен на основа на CorePC би бил за околу 60-75% помал од Windows 11 SE.

Друга многу важна промена која би ја донел Core PC е поделбата на системските датотеки во различни партиции од дискот. Овие партиции нема да им бидат достапни на корисниците и на апликациите, нешто слично како што е случајот со iPadOS и Android.

Ова ќе придонесе до подобра безбедност на Windows, но исто така и до доста побрзи надградби на системот. Надградувани ќе бидат само деловите кои се потребни во тој случај, но не и цел систем.

Верувањата се дека развојот на Core PC ќе трае некаде до 2024, за кога се очекува и пуштањето на наредната верзија од Windows, засега нарекувана Windows 12. Како што имаме напишано неколку пати досега, се верува дека Microsoft се има вратено на тригодишниот циклус на Windows верзии, па 2024 година треба да биде претставен Windows 12.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаСамо верификуваните корисници на Twitter ќе можат да гласаат на анкети и да бидат предложени во For you листата
Следна статијаApple Pay Later сервисот претставен во САД им овозможува на корисниците да плаќаат на рати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.