microsoft-edge-1

На Microsoft Build 2015 конференцијата која што се одржува оваа недела, Microsoft го претстави официјалното име на досега нарекуваниот Project Spartan интернет прелистувач. Ова е новиот прелистувач кој што ќе го замени Internet Explorer во Windows 10.

Официјалното име на новиот прелистувач е Microsoft Edge и е исто како новата веб технологија која што се користи во прелистувачот.

Како и целиот оперативен систем, Edge е се’ уште во тест фаза, а корисниците веќе одреден период можат да го тестираат доколку ја користат тест верзијата од Windows 10.

Прелистувачот е направен со минималистички кориснички интерфејс кој што треба да го стави акцентот на сурфањето. Доаѓа со вградени можности како што се reading mode, цртање и обележување на веб страните, Cortana и слично.

microsoft-edge-2

Она што е навистина интересно е најавата од Microsoft дека сите достапни додатоци за Chrome и Firefox многу лесно ќе можат да се прилагодат да работат на Edge. Ова е исто како најавата за лесно прилагодување на апликациите од iOS и Android да работат на Windows 10, па останува да видиме дали целата процедура е навистина толку едноставна како што тврдат од компанијата.

CDx9t8_WMAIzbSV.jpg large

Логото кое што ќе го има Edge е скоро исто како тоа на Internet Explorer, односно и во овој случај се користи малата „е“ буква. Се разбира дизајнот на буквата е нешто различен, а според некои и покрај непопуларноста на IE, сепак оваа икона многу луѓе ги асоцира на интернет генерално.

Претходна статијаContinuum ќе овозможи користење на Windows 10 смартфонот како десктоп компјутер
Следна статијаMicrosoft овозможува префрлање на Android и iOS апликации во Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.