Изгледа Microsoft Edge ќе се приклучи на малиот број на интернет прелистувачи кои нудат поддршка за „екстензии“ кај мобилните верзии. Ова секако се мисли на Android, а iOS се’ уште останува доволно затворен систем за да ваквите функции тешко може да се очекуваат.

Во тест верзиите од Edge на Android откриена е можноста да се вклучи поддршката за екстензии, што значи дека не е официјално пуштена. Истото се прави преку „flags“ делот за прилагодување, по што во менито од апликацијата се додава копчето Extensions.

Оваа новина е откриена и објавена на X од страна на корисникот „@Leopeva64“ кој ни споделува и неколку слики за да може да се види што да се очекува.

Делот за екстензии е каков што би се очекувало. Во менито со кратенки достапното копче отвора нов дел од каде што може да се видат достапните екстензии. Тие во овој момент се само три, односно Dark Reader, uBlock Origin и Global Speed, но кога функцијата ќе биде официјално пуштена може да се очекува поголем избор.

Од поголемите прелистувачи, Firefox е единствениот кој почна да ја нуди оваа функција, а најпопуларниот Chrome не покажува знаци за вакво нешто.

Со оглед на тоа што се работи за достапност во тест верзиите од Edge, а и таму не е официјално вклучена, функцијата може да се очекува после неколку месеци, најрано.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаiOS 18 се очекува да биде најголемата надградба на системот досега
Следна статијаMicrosoft започна со пуштање на новиот дизајн на OneDrive за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.