Фото: Shutterstock.com

Meta официјално најави дека започнува со тестирање на, кратко кажано, конкурент на Twitter Blue. Корисниците ќе можат, со месечна претплата, да добијат беџ кој означува дека нивниот профил е верификуван, но од тоа што можеме да го видиме, Meta нема да ги направи грешките кои ги направи Twitter.

На почетокот од месецот можевме да прочитаме дека од компанијата подготвуваат вакво нешто, па сега е и официјално претставено под името Meta Verified. Се работи за пакет претплата која ги опфаќа профилите на Instagram и Facebook, а корисниците ќе ги чини 12 долари месечно, односно 15 долари доколку претплатата ја купат преку iOS или Android.

Покрај добивањето на беџ ознака, корисниците добиваат и заштита од други профили кои се обидуваат да ги имитираат, како и поддршка за било какви проблеми. Додатно, овие профили ќе имаат приоритет при пребарувањата на мрежите, а истото ќе важи и за коментарите и препораките.

Корисниците кои ја плаќаат Meta Verified претплатата ќе имаат и пристап до одредени ексклузивни функции, како на пример одредени реакции, „емоџи“ икони и слично.

Замислата зад Meta Verified е да се користи од страна на „креаторите“, а на овој начин да добијат ознака за тоа, поголема заштита и поддршка, како и предност пред другите корисниците во објавите.

За да се може да се користи Meta Verified претплатата корисниците треба да се над 18 години, како и да прикажат лична карта со истото име, презиме и слика како на нивниот профил.

За почеток, Meta Verified се тестира во Нов Зеланд и Австралија, а со тек на време може да се очекува да им стане достапна на корисниците во целиот свет.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаYou.com пребарувачот се приклучува на Google и Microsoft со сопствен модел на вештачка интелигенција
Следна статијаБета верзиите од iOS за програмерите веќе нема да може да се инсталираат бесплатно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.