Фото: Shutterstock.com

Според засега неофицијални информации, од Meta размислуваат да воведат месечна претплата за корисниците во Европската Унија која ќе им овозможи да пристапуваат до Facebook и Instagram без реклами.

Како што е познато, ЕУ се почесто воведува се построги закони и правила, па наводната борба за приватноста на корисниците станува се поизразена. Meta одамна се обвинувани за собирањето на податоците од корисниците, нешто за кое повеќето не се баш свесни, со цел да им се прикажат рекламите кои се смета дека им се навистина важни.

Плаќањето за користење на двете мрежи од компанијата без реклами, би требало да ги задоволи европските регулатори и на корисниците да им се понуди користење на мрежите без да гледаат реклами, а со тоа и без да ги оставаат нивните податоци.

Според информациите, од Meta планираат да понудат можност за плаќање 13 до 16 евра месечно за користење на Facebook и Instagram, а оваа сума би била поголема доколку се претплати преку мобилните телефони.

Ова секако е доста висока сума и мали се шансите дека многу корисниците би се одлучиле да ја плаќаат. Поради тоа се верува дека од ЕУ не би го прифатиле овој предлог од Meta или би притискале за намалување на сумите.

Европскиот пазар претставува околу 23% од приходите на Meta, што значи дека тие не можат баш да си дозволат да имаат проблеми на истиот.

Ќе следиме како во годините што следат ќе се постават неколкуте големи ИТ компании кои се под се поголем притисок од ЕУ, кои почнуваат и да претеруваат.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаФИТР: Вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
Следна статијаSamsung Galaxy Tab S9 FE, слушалките Galaxy Buds FE и Galaxy S23 FE со исклучителни функции за уште повеќе корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.