Фото: Shutterstock.com

Пред неколку години најавена како голема новина и интеграција на сите мрежи од Meta, можноста за комуникација помеѓу корисниците на Facebook и Instagram сепак ќе биде откажана. Интеграцијата со WhatsApp, која исто така беше планирана, никогаш и не се случи.

Тргањето на интеграцијата на пораките помеѓу Facebook и Instagram е планирано за средината од овој месец, односно истото може да се очекува во наредните неколку недели.

Пораките кои веќе се разменети ќе останат, но тие ќе бидат достапни само за читање, односно корисниците нема да можат да продолжат со пишување, а недостапни ќе бидат и информациите за статусот на корисникот.

Од Meta не дадоа објаснување за оваа одлука, но може да се претпостави што е причината. Тука се новите закони во ЕУ, но и истрагите кои се прават во САД. Meta, како сопственик на неколку од најголемите платформи во светот е под се поголем притисок за намалување на „монополот“ кој го имаат.

Не сум сигурен колку луѓе ја имаат користено оваа можност, па тие кои ја користеле сега ќе мораат да ја користат конкретната мрежа за да продолжат со разговорите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаViber воведе месечна претплата со која на претплатниците им овозможува ексклузивни функции
Следна статијаStrava воведе можност за комуникација преку пораки помеѓу корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.