Една година по претставувањето на одличниот Dimensity 9000, повторно порано од претставувањето на наредната генерација од Snapdragon 8, MediaTek го претстави Dimensity 9200.

MediaTek повторно покажува дека нивните чипови веќе не може да се гледаат само како чипови за уредите од средната и пониската класа, па тие се тука да им конкурираат, па дури и надминат нивните конкуренти.

Dimensity 9200 е првиот чип кој ја користи новата ARMv9 Gen 2 архитектура, а исто така е изработен и во втората генерација на 4nm процес на производство од TSMC.

Како главно јадро кај овој чип се користи ново Cortex-X3 јадро кое работи на брзини и над 3GHz. За „повеќе нормалните“ задачи се задолжени три Cortex-A715 јадра кои работат на 2,85GHz, додека за заштеда на батеријата при послаби задачи тука се уште четири Cortex-A510 јадра кои работат на 1,8GHz.

Ова сепак донесува „само“ 10-12% подобрување на перформансите во споредба со ланскиот модел, но поголемата разлика доаѓа во заштедата на енергија која оди и до 25%.

Поголема разлика ќе дојде од графичкиот процесор кој во Dimensity 9200 е новиот процесор од ARM, Immortalis-G715. Како главна новина кај овој процесор е поддршката за хардверски „ray tracing“, како и поголема ефикасност. Подобрувањата кои ги донесува овој процесор во споредба со ланскиот модел се до 32%, а сето ова е со дури 41% помала потрошувачка на енергија.

Овие карактеристики се должат како на новиот хардвер, така и на новите верзии од системите со вештачка интелигенција на MediaTek кои се тука кај графичкиот процесор, процесорот за слики и слично.

Dimensity 9200 е и првиот чип кој има поддршка за RGBW, за Wi-Fi 7, а има и поддршка за сите видови на 5G мрежи, односно европската под 6GHz и американската која се користи во поголемите градови, mmWave.

Првите телефони кои ќе го користат овој чип може да се очекуваат до крајот на годината, а наскоро треба да го видиме и Snapdragon 8 Gen 2 кој сигурно ќе дојде со голем дел од овие карактеристики.

ИЗВОРMediaTek
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКористењето на Twitter е најголемо досега според Елон Маск
Следна статијаЗапочнува 7-мата Недела на италијанска кујна во Скопје од 10 – 13 ноември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.