Оваа година може да се каже дека Apple конечно веќе не е на далечното прво место кога се во прашање перформансите на нивните чипови. Конкуренцијата успешно ги стигна, а останува само да се види како тоа се пресликува во реалното користење на телефоните, нешто за кое Apple пак има одредена предност.

По претставувањето на доста подобриот Snapdragon 8 Gen 3 од Qualcomm, сега го имаме и Dimensity 9300 од MediaTek. Тајванската компанија сака да ги помине другите со моќта на нивниот нов чип, па тој доаѓа со прилично „интересни“ карактеристики.

Dimensity 9300 доаѓа само со јадра кај процесорот кои се наменети за подобри перформанси, што значи дека не доаѓа со штедливите јадра. Ова е овозможено и од третата генерација од 4nm+ архитектурата на TSMC, па чипот донесува и прилично добри подобрувања во потрошувачката во споредба со ланскиот модел.

Поставеноста на јадрата кај Dimensity 9300 изгледа вака. Достапно е класично за оваа категорија едно Cortex-X4 јадро кое работи на 3,25GHz. Интересно станува во делот каде конкуренцијата ги додава нешто послабите јадра, но MediaTek се одлучува за три јадра Cortex-X4 кои работат на 2,85GHz и уште четири јадра Cortex-А720 кои работат на 2.0GHz.

„Најслабите“ јадра, односно тие од А520 категоријата ги нема кај Dimensity 9300, а моќта која ја донесува оваа одлука веќе можевме да ја видиме на неофицијално објавени тестови од чипот изминатите денови.

Dimensity 9300 донесува 40% подобрување на перформансите во споредба со ланскиот модел, а сето тоа наводно со намалување на потрошувачката за 33%.

Чипот е одличен и кај графиката, па тој доаѓа со Immortalis-G720 графичкиот процесор кој како и кај конкурентите, донесува поддршка за „ray tracing“. Подобрувањето во споредба со ланскиот модел е дури 46%, заедно со 40% намалување на потрошувачката на енергија.

На ова секако треба да се додадат и подобрувањата кај јадрата за вештачка интелигенција, како и тие за сликање и снимање на видео содржина, а чипот доаѓа и со LPDDR5T меморија заедно со UFS 4.0.

Dimensity 9300 можно е да биде моментално најдоброто на пазарот, но сепак на крај работата на уредите зависи и од нивната оптимизација, па не е се во самиот чип. Тука е и предноста на Apple кои имаат само неколку телефони кои тие ги развиваат, нешто што не е случајот со Android конкурентите.

ИЗВОРMediaTek
Претходна статијаNetflix планира да отвори продавници каде корисниците ќе можат да купуваат, јадат и да се забавуваат
Следна статијаYouTube тестира ново копче за кога корисниците не знаат што да гледаат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.