На цела страна во повеќе весници во САД и Британија, како што обично се објавува реклама или соопштение, Марк Закерберг излезе со јавно извинување за случајот со Cambridge Analytica.

На прво место, како наслов, напишана со големи букви, стои изјавата на Закерберг што ја даде на неговиот Facebook профил кога за првпат после денови излезе да даде некакво објаснување во врска со случајот.

„Ние имаме одговорност да ги заштитиме вашите податоци. Ако не можеме, тогаш не ги заслужуваме“

Во главно, соопштението во весниците е кратка верзија од објавата на Закерберг на неговиот профил, со тоа што е додадено и извинување.

„Можеби имате слушнато за прашалник апликацијата направена од страна на универзитетскиот истражувач која ги протече Facebook податоците на милиони луѓе во 2014. Ова беше прекршување на довербата и јас се извинувам што не направивме повеќе во тоа време. Сега ги преземаме чекорите потребни да се осигуриме дека ова нема да се повтори“.

Соопштението е објавено во повеќе весници, меѓу кои и The Observer, The Sunday Times, Mail on Sunday, Sunday Mirror, Sunday Express и Sunday Telegraph од Британија, како и The New York Times, Washington Post и Wall Street Journal од САД.

Работата е што ретко кој сериозно ќе го сфати ова извинување со оглед на фактот што веќе одамна оваа друштвена мрежа се смета како извор на информации за корисниците за повеќе страни. Можеби беше само прашање на време кога еден ваков поголем случај ќе излезе на површина, а јас лично и се прашувам зошто баш сега.

Исто така, од компанијата при првите информации за случајот со Analytica, се имаат обидено да ги заќутат новинарите кои почнале да ја истражуваат приказната, па ова извинување сега некако не делува баш искрено.

ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаNASA предизвик за испраќање слики од облаците за нивно подобро проучување
Следна статијаКај маркетерите доминираат Интернет рекламите. Какви се прогнозите за иднината?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.