Тоа што во март се сметаше како привремена состојба која ќе трае до почетокот на летото во најлош случај, прерасна во таканареченото „ново нормално“, односно работењето од дома во компаниите е продолжено до крајот на годината, кај некои до идното лето, а има и такви кои ќе им овозможат на своите вработени неограничено да продолжат со таквата работа.

Можеби правата реакција на компаниите, а посебно кај нас каде контролата од надредените се смета за незаменлива работа, е дека работењето од дома ќе им ја намали ефикасноста на вработените и ќе го намали обемот на завршена работа. Ова сепак може да претставува и предност која компаниите кои сега мора да функционираат во вакви услови, ќе ја искористат за генерално подобрување на работата.

Има неколку фактори кои доколку се земат во предвид, односно добро се испланираат и имплементираат, работата од дома може да не се разликува од таа во канцелариите, а дури вработениот да добие поголема мотивација поради „слободата“ која ја има во домашната околина.

Dell, една од најпознатите ИТ компании во светот, која одлично е претставена и присутна на нашиот пазар преку Макпетрол Dell, има неколку совети кои доколку ги следите веруваме дека вашите вработени работејќи од дома ќе бидат одлично организирани, а вие повеќе од задоволни.

Како што светот сè уште се бори со Ковид-19 пандемијата, така компаниите се принудени да им овозможат на своите вработени да ги вршат своите работни обврски од својот дом. Ова директно влијае врз континуитетот на работата на компаниите, нивниот одржлив систем и успешно работење. Со создавање на услови за работа од дома компанијата ги заштитува своите вработени од изложување на опасностите од заразување кои се поголеми при работа во канцелариски услови. Но како да изградите навики за ефикасна работа од дома? Следете ги нашите совети и подгответе ја вашата компанија за работа од дома. – истакнуваат од Макпетрол Dell во нивната бесплатна е-книга „Како ефективно да работите од дома – Совети за максимална продуктивност во комфорот на вашиот дом“ која можете да ја симнете од нивната страна на овој линк.

Во оваа книга од Dell вклучуваат 4 фактори кои тие ги сметаат како клучни во организирањето на работата од дома, а исто така вклучуваат и одлични совети за менаџерите и објаснуваат зошто е важно да вашата компанија е подготвена за работа од дома.

Катче за работа, потребна технологија, безбедноста на корпоративни податоци и алатки за комуникација се четирите точки кои детално се објаснети и разработени во е-книгата од Макпетрол Dell, а верувам дека разликата која ќе ја направат не е воопшто мала.

Претходна статијаФејсбук го објави започнувањето на Програмата за проверка на факти од трети страни во Македонија
Следна статијаВо Франција започна изградбата на најголемиот реактор кој работи на нуклеарна фузија – ITER
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.