Работењето од дома е изгледа тука да остане многу подолго време од што првично мислевме, односно на почетокот од пандемијата која ја предизвика оваа промена. Доста компании кои ја имаат таа можност и можат да си дозволат, ќе ги организираат своите вработени од нивните домови, а сигурно доста од компаниите се прашуваат дали тоа воопшто ќе биде и можно и дали ќе трпи продуктивноста.  

Макпетрол Dell излезе со својата е-книга преку која објаснува дека работата од дома може да се организира без да се грижат компаниите за продуктивноста, а во книгата се истакнати неколку фактори кои доколку се запазат внимателно, работата може да биде и повеќе продуктивна.  

Во оваа статија ќе се насочиме кон делот на вработениот, односно што тој треба да направи во својот дом за да може да се каже дека има креирано одлична канцеларија преку која ќе може да ги завршува сите свои обврски ефикасно, па дури можеби и подобро од кога одел во канцелариите на компанијата.  

Сепак, работата од дома може да претставува голема предност доколку истата добро се организира и се овозможи достапност до сите потребни ресурси.  

Како што добро го кажуваат тоа од Макпетрол Dell во својата е-книга, вработениот е најдобро да си направи одредено катче за работа, односно да креира одреден дел од својот дом којшто ќе му биде наменет само за работа. Главната предност кога се работи од канцеларија е што тоа е околина конкретно наменета за работа и ништо друго, нешто што доколку дома не се рекреира до одреден дел, може да ја намали продуктивноста и да ги зголеми работите кои го одвлекуваат вниманието.  

Кога ќе се избере таканареченото катче од каде ќе се работи, сакаме да ги потенцираме сега сите потребни „алатки“ кои ќе ви бидат потребни доколку сакате тоа катче да биде навистина место од каде ќе ги извршувате некои од вашите најдобри работни активности.  

Направете го вашиот лаптоп компјутер во десктоп работна машина 

Колку и да е практичен лаптоп компјутерот кога треба да се отиде некаде и да се работи од надвор, сепак нема попродуктивна позиција за работа од таа на работната маса, насочени кон поголем монитор со посебна тастатура и глувче.  

Се препорачува, се разбира доколку веќе немате десктоп компјутер, да го поврзете својот лаптоп на „док станица“, па потоа со поголем монитор, посебна тастатура и глувче. Доколку се одлучите и за безжичните тастатури и глувчиња, нема да згрешите. Ова прави огромна разлика при работењето, а не е ни воопшто чудно кога ќе се земе во предвид дека во канцелариите повеќе се практикува користење на десктоп компјутер за тие вработени чија работа најмногу се одвива преку компјутерот.  

На овој начин ја имате и предноста да со еден компјутер, лаптопот, имате одлична работна маса кога сте дома, а кога треба да се излезе и да се работи од надвор или да се отиде на состанок, истиот тој компјутер лесно се зима со себе.  

Dell е производителот број 1 кога се во прашање мониторите и ги има во повеќе верзии за да ги задоволат потребите на сите корисници. Веќе имавме статија во која ја разгледуваме важноста од изборот на добар монитор и каков избор им овозможува Макпетрол Dell на своите корисници. 

Макпетрол Dell покрај мониторите од компанијата, ги има во својата понуда сите додатни периферни решенија со кои ќе можете да ја креирате вашата канцеларија, дома или на било кое друго место.  

Неколку софтверски решенија кои го претвораат домот во канцеларија 

Кога успешно ќе го изберете вашето работно погодно катче и кога ќе го поврзете како што најдобро ви одговара вашиот компјутер, уште една работа останува за да овој дел од вашиот дом можете слободно да го наречете канцеларија.  

Во време кога „cloud“ сервисите се повеќе од добро развиени и се користат масовно во светот, не гледаме причина зошто некој не би ги користел придобивките од оваа технологија, односно од овие сервиси.  

Microsoft 365 е првиот сервис кој сметаме дека е неопходен за една компанија која работи од повеќе локации, иако сервисот нуди многу повеќе. На пазарот се достапни уште неколку конкуренти, но од нашето искуство Microsoft го има можеби најдобриот, а посебно што се претплатата се добиваат и многу други сервиси кои помагаат во организацијата на работата во една компанија.  

Дури и да не сте претплатник на Microsoft 365, бесплатните верзии од Word, Excel, PowerPoint и другите, во комбинација со достапниот бесплатен простор на OneDrive, го прават овој сервис незаменлив, а вашата работа ќе биде секогаш лесно достапна, каде и да сте.  

Кратко кажано, зошто да имате посебни копии од вашите податоци на кои работите и истите да ги пренесувате со „стикче“ или да ги испраќате по мејл, кога може да бидат во „облакот“, пристапни од било каде, во најновата верзија која последниот пат ја имате работено.  

Уште една алатка која сметаме дека е незаменлива, а посебно кога се работи од дома е TeamViewer. Сигурно голем дел од вас веќе ја познаваат оваа алатка, а истата овозможува пристап до компјутерот од друг компјутер, што е одлично за ситуациите кога администраторот во компанијата треба да направи нешто на вашиот компјутер.  

Макпетрол Dell ги нуди како застапник сите овие сервиси од светски познатите компании, па покрај тоа што можете да го купите вашиот нов Dell лаптоп или десктоп компјутер, вашиот нов монитор, од компанијата можат да ви овозможат решенија и од Microsoft 365 сервисот, TeamViewer, а тука се и професионалните решенија за backup од Veeam. 

Претходна статијаДоналд Трамп ги забрани сите трансакции со ByteDance, компанијата во чија сопственост е TikTok
Следна статијаФестивал на современиот европски анимиран филм во МКЦ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.