Johnathan-Nigthtingale_Mozilla-Final_9_25_13

Firefox, едно време најпопуларниот алтернативен прелистувач, денеска иако активно развиван и во тек со модерните технологии и трендови, се бори за пазарниот удел. Главниот проблем во тоа е се разбира Google Chrome, прелистувач кој што моментално го користат поголемиот број од корисниците. Тука не би го спомнувале многу Internet Explorer кој што во главно се користи од страна на компаниите и постарите корисници. Фактор на пазарот сепак се очекува да биде новата верзија која што моментално е наречена Spartan.

Може да се каже дека главната причина за губењето на првото место е заостанувањето на прелистувачот во споредба со брзината на Chrome. Денес тоа не е случајот, меѓутоа веќе премногу корисници едноставно го користат Chrome, а тоа може да се види и кај доста постари корисници.

Johnathan Nightingale, потпретседател во Mozilla кој што е главен на делот задолжен за развојот на Firefox, преку неговиот блог оваа недела информира дека ја напушта позицијата. Тој сепак во текстот истакнува дека причината поради која што си оди не е слабата популарност на Firefox, туку дека едноставно му треба одмор, а во овој период тоа може да си го дозволи по проблемите минатата година.

Инаку, Mozilla минатата година имаше до некаде проблематична година кога се работи за луѓето кои што се на челните позиции. Brendan Eich, кој што беше назначен на главната директорска позиција, мораше да ја напушти истата поради критиките против него заради поддршката која што тој ја дал за закон против истополовите бракови.

2014 беше одлична година и заврши многу подобро од што започна. Јас сум навистина горд од тоа што го постигнавме и навистина се надевам за иднината на Mozilla. Но тоа зема доста од мене. Ми треба да одморам. Како што се намалува прашината од 2014 сватив, за првпат после одреден период, дека можам да одморам. – пишува Johnathan Nightingale во неговиот блог.

Тој исто така пишува дека очекува да почнат коментарите кои што ќе го најавуваат крајот на Mozilla, но тоа воопшто не е случајот и компанијата, како и фондацијата ќе продолжат да работат како и досега.

Извор: Johnathan Nightingale, PCWorld

Претходна статијаLenovo инсталира adware софтвер на нивните компјутери кој може да ги следи и заштитените конекции
Следна статијаНовите процесори од Snapdragon 600 и 400 серијата, донесуваат високи перформанси во средната класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.