Дизајнот и карактеристиките на наредната генерација од iPhone се веќе завршени во Apple, со оглед на останатиот број на месеци до нивното претставување, а се очекува дека веќе се започнува со производствениот процес.
Минг-Чи Куо, познат по информациите поврзани со Apple, најавува дека најскапиот модел од серијата оваа година ќе има различна батерија од досегашните.
Батеријата наводно ќе овозможи поголема густина на енергијата која се чува, а тоа би овозможило подолго траење на батеријата кај iPhone 16 Pro Max или барем исто траење, но со помала батерија која ќе ослободи простор за други потреби.
Втората информација која ја открива Куо поврзана со батеријата е промената на материјалот кој се користи за батеријата. Тој наместо алуминиум сега наводно ќе биде од нерѓосувачки челик. Овој материјал се истакнува дека не е добар како алуминиумот во распределување на топлината од батерија, но тој ќе овозможи доста подобра заштита и век на траење.
Дополнително се истакнува дека оваа нова батерија ќе може полесно да се извади, нешто што на Apple ќе му овозможи подобра усогласеност со новите европски закони.
Доколку оваа батерија се покаже како што треба оваа година, истата треба да почне да се користи и во останатите три модели од наредната година.
При крајот на минатата година можевме да прочитаме дека Apple работи на сопствена технологија за батериите, но колку е тоа точно и дали батеријата кај iPhone 16 Pro Max е во тој правец, ќе видиме кога ќе има нешто официјално.