Intel ги претстави своите долгоочекувани Adler Lake чипови, односно чиповите од дванаесеттата генерација. Може да се каже дека со овие чипови Intel ќе може да ја задржи својата конкурентност, нешто што изминатите години беше доведено во прашање.
Intel 12th-gen Adler Lake чипови се направи во новата Intel 7 архитектура, која сепак ако се спореди до некаде со конкурентите, не е во 7nm технологија, туку во 10nm. Ова е нешто што не може баш директно да се спореди, а работите се посложени, па слободно можеме да се сконцентрираме на карактеристиките на новите чипови и нивните перформанси.
Како дел од новата генерација на Intel чипови, кои овој пат прво се претставени десктоп верзии, а останатите се очекуваат идната година, се 6 процесори, односно три од K серијата, како и уште три од KF серијата, кои се исти, само доаѓаат без интегрирана графика.
Главната карактеристика на новите чипови е новата хибридна архитектура која ја користи Intel и најлесно може да се спореди со мобилните чипови. Тоа обично користат различни јадра, дел за поголеми перформанси, дел за заштеда на енергија.
Истото е случајот со новата генерација на Intel чиповите, па така тие се направени со P јадра за поголеми перформанси и за првпат кај Intel Е јадра кои се направени за заштеда на енергија и процеси кои не бараат голема моќ при работата.
Сето ова се „координира“ преку Intel Thread Director софтверот кој точно распределува кои процеси со кои јадра најдбро ќе функционираат. Посебно се истакнуваат придобивките доколку се користи Windows 11.

Главниот модел од новите чипови е Core i9-12900K кој доаѓа со 16 јадра, односно 8 P јадра и 8 Е јадра. Вкупниот број на „тредови“ е 24, односно Е јадрата немаат multithread, па чипот има 16 threads од P јадрата и уште 8 од Е јадрата.
Максималната брзина која може да е постигне со Turbo Boost Max 3.0 технологијата од компанијата е 5,2 GHz, а ова секако е кај P јадрата кои имаат и поголема основна брзина во спореба со Е јадрата.
Вториот чип е Core i7-12700K и тој доаѓа со 12 јадра и 20 тредови, односно 8 P јадра и 4 Е јадра, а тука е и i5-12700K кој има 10 јадра, односно 16 тредови.
Intel прави и сопствена споредба на перформансите на новите чипови со претходните генерации, па во основа според нив корисниците ќе добијат најмалку 20% подобри перформанси кај игрите, како и барем 30% подобрување кај обработката на видео, слики и 3D модели.