Новиот Huawei Mate20 Pro, еден од најочекуваните паметни телефони за годинава од денеска ексклузивно е достапен во портфолиото на Македонски Телеком. Oвој телефон којшто e дел од Huawei Mate20 серијата, дизајниран со својата досега најмоќна и софистицирана технологија во индустријата го отелотворува врвот на иновациите. Huawei како компанија со новиот модел Mate20 Pro, дефинитивно постави повисоко ниво со кое ќе се мерат сите паметни телефони во 2018 година.

На посебен настан во текот на денешниот ден, Телеком во своите простории го презентира овој нов смартфон од Huawei, па ние присутните добивме и шанса да го разгледаме, пробаме и тестираме одличниот нов Mate20 Pro.

Тоа што веднаш се забележува е користењето на заоблен екран од страните, што му дава на уредот уште подобар изглед, односно скоро непостоечки рамки околу екранот.

На настаот беа присутни повеќе официјални лица од Телеком, како и од Huawei кои дадоа свои изјави.

„Huawei постојано ја подобрува својата позиција на локалните пазари, а нашиот тим вложува максимални напори да им обезбеди извонредни производи на корисниците. Македонскиот пазар е еден од првите во Европа каде што продажбата започнува за помалку од една недела од почетокот на продажбата на глобално ниво. Секогаш ги слушаме желбите на нашите корисници”, изјави Лонгруи Циу – Џефри, извршен менаџер за смарт телефони за Бугарија и Македонија од Huawei, на денешната јавна промоција на новиот Huawei Mate20 Pro телефон којашто се одржа во просториите на Македонски Телеком.

Присутни на настанот, да ги покажат можностите на Huawei Mate20 Pro беа фотографот Дарко Мораитов, како и музичкиот маг Емин Џијан и диџејот Томи Бојаџи. Тие ги прикажаа можностите на напредната камера со Leica леќи, а воедно беше организирана и импровизирана музичка работилница.

Новиот Huawei Mate20 Pro телефон поседува Matrix Camera која го вклучува Leica Ultra Wide Angle објективот којшто им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску од својата способност за макро растојание. Системот на матриксни камери го усвојува иконичниот дизајн на четири-точки, давајќи му на уредот препознатливост дури и на далечина. Телефонот користи оперативен систем EMUI 9 базиран на Android P, на кој потрошувачите можат лесно и удобно да ги уживаат сите функции за продуктивност и забава со неколку едноставни допири.

Како што е случајот со смартфоните од повисоките класи без рамки околу екранот, Mate20 Pro им овозомжува на корисниците сигурно отклучување на уредот преку препознавање на ликот, односно негово 3D мапирање со цел да се препознае сопственикот.

Сепак, Mate20 Pro е еден од ретките уреди кои доаѓаат со сензор за отпечатоци под екранот, па корисниците на овој уред нема да имат потреба да го бараат сензорот на задната страна. Се што треба е да го постават својот прст на екранот и уредот веднаш се отклучува.

Нашето прво искуство со овој уред беше, како што би очекувале, одлично. Тој работеше брзо, инстантно, а дополнително барем за нас во искуството додава и новиот систем на гестикулации кој е дел од новиот Android 9.0 оперативен систем.

Екранот и генерално целиот уред при држење и ракување оставаат одличен впечаток. Големината на уредот е прилично компактна кога ќе се земе во предвид големината на екранот, а тоа е благодарение на скоро непостоечките рамки поради заобленоста на екранот од страните, како и исечокот на горниот дел.

И на крајот, една од главните карактеристики е што Huawei Mate20 Pro поддржува 15W HUAWEI безжична брзина, што претставува најбрзо решение за безжично полнење во индустријата и Wireless Reverse Charge, што му овозможува на уредот да работи како моќна банка за избрани електронски уреди што поддржуваат безжично полнење.

Повеќе информации за новиот Huawei Mate20 Pro телефон можат да се најдат на веб страницата на Mакедoнски Tелеком  www.telekom.mk, во Телеком продавниците или пак, во Контакт центарот на 122 или 120.

Претходна статијаРСБСП: Употреба на светла во сообраќајот
Следна статијаЗошто веруваш само во она што можеш да го видиш