Излегувањето на слики од директорот на Huawei како се вози во јавен превоз со уред кој изгледа дека може да се преклопи повеќе пати од стандардните вакви уреди го најави претставувањето на еден ваков уред од компанијата.
Huawei Mate XT Ultimate Design е уред кој доаѓа со можност за тројно преклопување, односно може да се користи во три позиции, наместо две како што тоа досега беше стандардно.
Преклопувањето во три позиции му дава можност на корисникот да го користи Mate XT Ultimate Design како стандарден смартфон, потоа како помал таблет компјутер, а на крајот и како стандарден таблет со 10,2 инчен екран.
Кога е целосно отворен корисниците добиваат табле компјутер доволно голем за да можат да завршат било каква работа, па може да се каже дека нема да им треба ни лаптоп.
Со овој заклучок доаѓа и цената на Mate XT Ultimate Design која изнесува 2.800 долари за верзијата со 256GB простор, па оди се до 3.370 долари за верзијата со 1TB простор.
Сите верзии доаѓаат со 16GB RAM, а тука се и трите камери на задната страна, како и „селфи“ камерата која достапна во две од трите позиции на уредот.
Шансите за достапност на Mate XT Ultimate Design надвор од Кина се мали, а и да може да се купи некаде, мал е бројот на луѓе кои би се одлучиле на такво нешто, сепак за цената може да се купи доста силен лаптоп компјутер.
Како што може да се види, Mate XT Ultimate Design има еден екран кој се превиткува на две места, па со тоа се добиваат трите позиции во кои може да се користи. Тоа може да се каже и дека е една предност на ваквиот дизајн, а стандардните вакви уреди обично имаат два екрани, стандарден и екран кој се превиткува.