Honda во САД го претстави својот прв целосно електричен SUV автомобил. Се работи за веќе познатиот Prologue модел, а ќе биде достапен од идната година како Honda Prologue SUV.

Овој автомобил треба да има можност од поминување скоро 500 километри, поточно околу 480, со едно полнење, а можноста за полнење е достапна и со брзите полначи.

Треба да се истакне дека оваа километража е достапна за моделот со погон на предните тркала, односно со еден електромотор, додека за моделот со погон на сите тркала и два мотори, треба дополнително да бидеме информирани.

Honda Prologue SUV доаѓа со препознатлив дизајн за Honda, но сепак посебно редизајниран од страна на тимот на компанијата во Лос Анџелес. Внатрешноста исто така е направено помодерно од другите модели, но се познава новиот стил кој се користи кај CR-V, HR-V, Civic и другите.

Од Honda истакнуваат дека ова е првиот нивни SUV автомобил со вграден Google, што значи дека корисниците очекувано добиваат поддршка за Android Auto, а тука е и Apple CarPlay.

Во внатрешноста посебно се истакнуваат двата екрани, едниот од 11 инчи како замена за инструмент таблата и другиот екран на допир со големина од 11,3 инчи. Со ова Prologue SUV добива нешто помодерен стил од другите модели, карактеристично за тие кои се целосно електрични.

За првпат Honda овозможува избор на фелни со големина од 21 инч, а достапни се и гуми кои самите можат да ги „затворат“ дел од оштетувањата.

Honda Prologue SUV треба да почне да се продава во САД од идната година за цена од околу 40.000 долари.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Honda
Претходна статијаDisney+ започнува со забрана на споделување на лозинката, за почеток во Канада
Следна статијаMicrosoft наводно се обиделе да го продадат Bing на Apple во 2020
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.