large_Hero4Black_Cluster_03

GoPro е компанија која што ги произведува можеби најпознатите камери од овој тип. Се работи за камери кои што се лесни, преносни, цврсти, односно наменети за поставување на одредени објекти и носење при правење на активности како скокање со падобран, возење на велосипед и слични и екстремни активности. Од компанијата веќе имаат неколку модели на пазарот, а денеска претставија три нови камери, кои што доаѓаат со нови функции, а едната од нив и со прилично пониска цена од досега достапните.

Секоја од камерите е наменета за различен тип на потрошувачи. Па така, GoPro Hero 4 Black е наменета за професионалци и ја има највисоката цена која што изнесува 479 долари. GoPro Hero 4 Silver е камера од средната класа и е наменета за поголемиот број на корисници кои што користат вакви камери, а ќе се продава по цена од 379 долари. Последната, GoPro Hero спаѓа во таканаречената entry level категорија, односно категорија која што е наменета за корисниците кои што за првпат купуваат одреден производ или го купуваат за чисто аматерска употреба, па не сакаат да платат повеќе од што би требало. Оваа камера ќе се продава по цена од 125 долари.

Овие камера не се целосно различни од нивните претходници, односно од се’ уште достапните постари модели и вклучуваат неколку подобрувања кои што се барани од страна на корисниците. Hero 4 Black ја вклучува можноста за снимање на 4К видеа со 30 fps, нешто што претходниот најјак модел можеше да го направи само до 15 fps. Исто така овој и вториот модел, вклучуваат подобрувања во прилагодувањата, нова можност за сликање и снимање во ноќе, односно во темница, како и интересна нова можност за означување на одреден дел од видеото за полесно негово наоѓање при неговото средување.

Средниот модел ги вклучува повеќето функции кои што се дел од Black моделот, без можноста за снимање во 4К резолуција со 30 fps. Меѓутоа овој модел доаѓа со LCD екран на допир која што може да се користи наместо копчињата, како и за разгледување на снимената и сликаната содржина.

Најмалиот модел е основен и како што би очекувале не ги вклучува функциите кои што се дел од поскапите модели. Сепак овој модел е наменет за луѓето кои што би сакале да испробаат ваков производ, па појаките функции се оставени за тие кои што веќе знаат што прават, а тоа го прават и прилично почесто. Оваа камера е водоотпорна, како и футролата во која што може да се носи. Нема можност за сликање на 4К видеа, а исто така сликите можат да бидат најмногу со 5 мегапиксели.

Извор: Engadget, TechCrunch, GoPro

Претходна статијаSeatylock, трансформирачко седиште со кое се заклучува велосипедот
Следна статијаThe Nixie, мал дрон што полетува од вашата рака и ви прави селфи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.