Во рамките на Google I/O беше презентиран новиот јазичен модел PaLM 2 со чија помош конкурентот на Google на ChatGPT и Microsoft Bing, Bard, ќе треба да функционира многу подобро од претходната верзија, а и донесува неколку нови можност.

Google има нешто поразличен пристап кон интеграцијата на вештачката интелигенција во Search, за разлика од Microsoft, па тие нема да ги насочуваат корисниците директно кон Bard, односно кога се во прашање пребарувања, ботот воопшто и не се споменува.

Наместо ова, на стандардните Google Search резултатите ќе биде додаден дел, пред листата со веб страни, каде ќе се добиваат одговори од вештачката интелигенција. Со ова Google Search станува многу повеќе корисен, а корисниците ќе можат да пребаруваат со класично поставување на прашање.

Предноста на користењето на вештачката интелигенција, без разлика од кого, е што се скратува потребата од отворање на повеќе веб страни и нивно читање со цел да се дојде до само еден краток одговор. Вештачката интелигенција ги наоѓа тие делови и ги сумира и прикажува на корисникот.

Корисниците ќе можат да продолжат со разговор по добивањето на првиот одговор, за што ќе бидат префрлени на посебен кориснички интерфејс наменет токму за ова.

Google најави дека за користење на оваа новина корисниците ќе треба да се пријават и за жал за почеток им е достапна само на корисниците од САД. Очекуваме дека за кратко време достапноста ќе биде проширена, па Google Search за сите корисници ќе стане уште покорисна алатка.

За добивање подобра претстава што донесува оваа новина кај Google Search, погледнете го видеото во продолжение.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаGoogle Bard доби нов јазичен модел, стана повеќе визуелен и одличен помошник за програмерите
Следна статијаPixel Tablet доаѓа со звучник станица за полнење која го претвора во контролен центар за паметниот дом и забава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.