project-fi-logo

До сега неколку пати шпекулирано и до некаде потврдено од страна на Google, компанијата од оваа недела официјално започна со работа како мобилен оператор. Како што беше најавувано, Google ќе работи како виртуелен мобилен оператор, односно ќе ја користи мрежата на другите оператори, во овој случај тие на T-Mobile и Sprint.

Се разбира сервисот е достапен во САД, а на почеток само за корисниците на Nexus 6 уредите преку посебна SIM картичка. Американските корисници кои што сакаат да го користат Fi сервисот имаат можност да се пријават по што ќе треба да бидат поканети.

Како и што би очекувале од компанија како што е Google, Project Fi не е уште еден обичен сервис каков што го нудат и другите оператори. Моментално не е наменет да им конкурира на операторите, Project Fi има потенцијал да го промени начинот на функционирање на мобилните телефони и мобилните мрежи.

Корисниците се поврзуваат преку достапните Wi-Fi хотспотови, како и двете мрежи од партнерските оператори. Изборот на која мрежа ќе биде поврзан телефон се прави автоматски, зависно од тоа која мрежа во моментот има најдобар сигнал. Повиците, пораките, интернет сообраќајот и слично, се вршат и преку Wi-Fi, без разлика дали се работи за домашниот на корисникот, на неговото работно место или еден од милионите достапни пристапни точки во градовите. Од Google истакнуваат дека Wi-Fi точките се проверени од нивна страна за стабилност и сигурност, па корисниците можат без грижи да ги користат, а комуникацијата преку нив е заштитена со енкрипција.

fi-network

Она што е различно кај сервисот од Google е и начинот на наплата, односно достапните пакети. Тие нудат еден основен пакет кој што чини 20 долари месечно со кој што корисниците добиваат неограничени разговори, пораки и слично, а доплаќаат за направениот интернет сообраќај. Тој се наплаќа по 10 долари месечно за 1 GB, па корисниците соодветно додаваат на нивната претплата зависно од бројот на гигабајти кои што им се потребни.

Исто така, доколку корисникот има избрано да користи на пример 2 GB месечно, а истите не ги потроши, ќе му бидат вратени парите за направената разлика, односно ќе може да ги искористи наредниот месец. Истото важи и за обратната ситуација, доколку корисникот потроши повеќе од тоа што го има предвидено, разликата ќе му биде наплатена.

Кратко претставување на Project Fi е направено во следното видео, преку кое што можете да добиете претстава како точно ќе работи Google како оператор. Главната страна на сервисот е достапна преку следниот линк – Project Fi.

Извор: Google

Претходна статијаFAA го одобри првиот 3Д испечатен дел за користење во авионската технологија
Следна статијаНов уред овозможува безболно примање инјекции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.