Доста време се чека на влегувањето на Google на пазарот на уреди на преклоп. Pixel Fold е уредот кој изгледа конечно ќе го видиме оваа година, а според информациите претставувањето ќе се случи за време на годинешната Google I/O конференција на 10 мај.

Со оглед на тоа што досега можевме да видиме слики и одредени информации за Pixel Fold, сегашната најава ни ја открива датата, почетокот на продажба, како и цената.

По најавата на 10 мај, корисниците ќе можат да го нарачаат Pixel Fold истиот ден преку страната на Google, додека останатите ќе почнат со истото до крајот на месецот. Телефонот наводно треба да стане достапен од 27 јуни, а ќе се продава по цена од 1799 долари, цена во рамките на конкурентите.

Оваа информација доаѓа од Џон Просер, а истата ја објави на Twitter. Просер се смета како сигурен извор на информации, па не гледаме причина да не ја сметаме и оваа како прилично точна.

Тоа што ќе биде посебно интересно да се види, доколку претставувањето навистина се случи идниот месец, е какви карактеристики ќе има уредот, односно дали ќе донесе некои новини кои ги нема кај конкурентите.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаЖивотот на алчните финансиски моќници: Доаѓа новата сезона од провокативната скандинавска серија Излез
Следна статијаПрезентирани најновите иновации од младите умови во нашата заедница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.