Google ќе ја претстави Pixel 10 серијата, заедно со уште неколку други уреди, на 20 август, а во стандарден стил за компанијата, тие веќе го прикажаа делумно изгледот на еден од телефоните.
Сега од компанијата пуштија реклама за Pixel 10 серијата која директно е насочена кон корисниците на iPhone.
Во рекламата се истакнува „некоја“ функција поради која корисниците купуваат телефон, но таа доаѓа наскоро, а тоа наскоро станува цела година. На корисниците им се препорачува или да ја променат дефиницијата на наскоро или да купат друг телефон.
Најинтересно од се, во рекламата се користи позната песна од Dr. Dre и Snoop Dog, The Next Episode, која се користи во многу видеа во сличен стил.
Рекламата е на почетокот од статијата.