Google официјално го овозможи креирањето на „passkeys“ кај сметките од корисниците и со тоа „започна крајот на лозинките“, како што истакнуваат. На овој начин корисниците ќе можат да се најавуваат без користење на лозинка, а преку користење на отпечатокот за прст, како еден пример.

Passkeys претставуваат криптографски клучеви кои се чуваат на уредот од корисникот преку кои тој се најавува на својата сметка.Со користењето на биометриските функции на уредот, како што се сензорот за отпечатоци, за лице и слични, корисникот докажува дека тој се најавува користејќи ги клучевите.

Овој начин на најава започна како соработка помеѓу Google, Microsoft, Apple и FIDO, уште пред некоја година, а минатата година конечно беше најавена и можноста овие клучеви да се користат без разлика каков уред користи корисникот, односно дали е Android, iOS, Windows или другите.

Со користењето на passkeys корисниците не внесуваат лозинка, а со тоа драстично ја зголемуваат безбедноста на нивната сметка. Од една страна се трга ризикот за корисниците кои користат едноставни лозинки, а тука е и заштитата од „фишинг“ напади кои сакаат да ја пресретнат лозинката.

Корисниците можат да креираат клучеви на сите уреди од кои се најавуваат, а се разбира тие мора да имаат некаква биометриска функција за да може да се користат на овој начин.

Вклучувањето на оваа нова функција, односно креирањето на passkey може да се направи преку Google Account > Security.

За почеток ќе остане можноста за најавување со лозинка и дво-факторската автентикација, но крајната цел е да лозинките веќе не постојат.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаNothing Phone (2) ќе биде претставен ова лето
Следна статијаMicrosoft го пушти новиот Bing за сите корисници и најави повеќе нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.