Google

Развојот на квантен компјутер е нешто што се трудат да го постигнат повеќето поголеми ИТ компании. Овие компјутери функционираат целосно различно од компјутерите кои ги користиме денес, кои се исти од нивното „измислување“.

Додека обичните компјутери функционираат преку битови на информации, кај квантните компјутери тие се нарекуваат кјубитови. Главната разлика е таа која овозможува работа со многу повеќе информации.

За разлика од битовите кои можат да бидат 0 или 1, кјубитовите во исто време можат да бидат 0 или 1. Тоа овозможува да тие имаат голем број на информации, број кој се зголемува со секој нареден кјубит.

Од Google тврдат, а го користиме овој термин поради тоа што има страни кои го негираат успехот, па ќе треба време да се потврди или побие од научната заедница, дека имаат постигнато таканаречена „квантна надмоќ“, што е голем напредок во развојот на квантните компјутери.

Квантна надмоќ или како што се нарекува на англиски, „Quantum supremacy“ е кога квантен компјутер ќе изврши задача која обичен компјутер не може да ја изврши или му треба премногу време.

Поточно, од Google тврдат дека нивниот квантен чип, Sycamore, има извршено задача за 200 секунди, задача која обичен компјутер ќе му требаат 10.000 години да ја изврши.

Ова секако не треба да се истакне што би значело за иднината на компјутерите. Компјутери со ваква способност ќе можат да решат проблеми во науката кои во денешно време не можат да бидат решени со обичните компјутери, ќе можат да развијат технологија која во денешно време не е можна и многу вакви примери.

Светот немаше да биде тоа што е доколку властите, односно центрите на моќ не беа заинтересирани за развојот на оваа технологија. Квантните компјутери ќе може да ја пробијат денешната енкрипција на комуникацијата без проблем, до степен што таа ќе стане бескорисна.

Ова значи дека научниците и ИТ секторот не се единствените кои ги интересира развојот и можностите на квантните компјутери, па властите на поголемите земји веќе инвестираат многу за нивниот развој.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2NY Times
Претходна статијаGoogle претстави 6 нови апликации како дел од Digital Wellbeing иницијативата
Следна статијаВтора конференција за е-трговија: Се забележува континуиран раст на е-трговијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.