Google Maps од оваа недела ќе почне да им прикажува на корисниците во целиот свет редизајнирани мапи кои ќе содржат повеќе бои со што ќе може многу подобро да се прави разлика од различните работи кои се гледаат.

Како што може да се види и од споредбените слики, наместо една до две бои, Google Maps сега ќе прикажува повеќе бои со што точно ќе бидат прикажани пустините, шумите, снежните врвови, езерата, морињата и слично.

Покрај оваа промена, од Google најавуваат дека во ограничен број на поголеми светски градови, подетално ќе бидат прикажувани улиците, односно дали се работи за помала патека, пешачки тротоар, патека за велосипеди, остров и слично.

Промените, освен тие ограничени во неколку градови, ќе им бидат достапни на сите корисниците во сите делови од светот каде што и сега функционира Google Maps. Корисниците не треба ништо да направат, а новите мапи ќе им се прикажат автоматски во периодот што следи, а според Google тоа треба да заврши во следните недела дена.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаInstagram почна да користи QR кодови за споделување на профилите
Следна статијаZTE со слика го најавува својот телефон со предната камера вградена под екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.