Фото: Shutterstock.com

Пред два дена се дозна дека пуштањето на Google Gemini на iOS е блиску, со пуштање на оваа апликација во Филипините, па сега истата им е пуштена на сите корисниците. 

Google Gemini сега е официјално достапна во App Store, па корисниците на iPhone можат да ги користат функциите од овој „четбот“, односно ВИ асистент, кои досега им беа достапни само на корисниците на Android. 

Голем дел од функциите на Gemini беа достапни на iOS преку веб и преку Google апликацијата за оваа платформа, но недостасуваше главната, Gemini Live. 

Оваа функција овозможува разговор со Gemini на начин кој треба да е природен како со луѓе, со можноста да се прекине на сред разговор и да се продолжи во друг правец. 

Google оваа можност на Gemini ја истакнува како одлична за разговор за идеи, сложени теми и слично. 

Gemini Live е одговорот на Google на ChatGPT Advanced Voice Mode, а двете одат во правец на целосно природен начин на разговор со овие ВИ асистенти. 

За напредните функции од Gemini, секако потребна е претплата до која може да се дојде и преку апликацијата. 

Апликацијата може да се симне од App Store, односно преку овој линк

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаApple ја претстави Final Cut Pro 11 со нови можности со вештачка интелигенција
Следна статијаМобилната верзија од Arc прелистувачот стана достапна на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.