За време на вчерашниот настан „Made by Google“, иако главното внимание го привлекува новите Pixel9 уреди, конкуренција секако им беа новините поврзани со Gemini, односно големиот јазичен модел од Google за работа со генеративната вештачка интелигенција.
Од тоа што можевме да видиме, Google успеа да ја достигне „возбудата“ која Apple ја привлече за време на презентацијата на Apple Intelligence, но и да ги помине достапни функции кои ќе им бидат достапни на корисниците. Кога ќе се земе во предвид дека Apple се’ уште ги нема пуштено нивните AI функции, а за дел од нив ќе почекаме до идната година, од компанијата ќе имаат проблем, барем на овој план.
На ова треба да се додаде дека Google соработуваат со Samsung, па голем дел, ако не и сите нови функции ќе им бидат достапни на корисниците на Galaxy S серијата, најверојатно почнувајќи со S25 на почетокот од идната година.
Google најави дека новите функции ќе функционираат во главно преку Gemini Nano, односно доволно малиот јазичен модел за да функционира директно од уредот, наместо само преку серверите. Ова беше една од главните поенти на Apple, како компанија која ја става приватноста на корисниците на прво место.
Gemini како асистент на Android добива надградба слична како таа што ќе ја добие Siri идната година. Gemini ќе можат да ја разбира содржината на екранот во дадениот момент, а со Gemini Live корисниците ќе можат да прават разговори како со човек. Gemini Live сепак нема да им биде достапен на сите корисници, односно тие ќе мора да плаќаат за функцијата.
Една од новините која најмногу го привлекува вниманието е „Add Me“ функцијата. Како што може да се претпостави од самото име, оваа функција овозможува корисниците да се доодат себеси во групна слика, одлично за ситуациите кога нема кој да ја направи сликата, а целта не е истата да биде „селфи“.
Корисниците на Android добиваат и нова апликација за креирање на слики со помош на Gemini, а истата е наречена Pixel Studio, а Gemini е тука и за новата Weather апликација и подобро прикажување на временските услови.
Посебно внимание привлекува и новата „Screenshots“ апликација која ќе ги чува сите слики од екранот кои ги има направено корисникот. Целта е да сликите можат полесно да се најдат, а секако со помош на Gemini пребарувањето може да се направи на „природен“ начин.
Целата вчерашна презентација можете да ја погледнете на видеото во продолжение.