По одложувањето од неколку години поради критиките, Google објави дека исклучувањето на Manifest V2 постепено ќе започне од 3 јуни, за почеток во Beta, Dev и Canary верзиите од Chrome.
Корисниците на Chrome од оваа дата ќе започнат да добиваат информација кај екстензиите кои ги имаат, а се’ уште се направени на основа на Manifest V2 правилата. Ваквите екстензии кои се означени како „избрани“ на страната за екстензии на Chrome, ќе бидат тргнати.
Во месеците што следат инсталираните Manifest V2 екстензии ќе почнат да бидат автоматски исклучувани, а корисниците ќе можат уште одреден период да ги вклучат повторно.
До почетокот од идната година се планира да се заврши процесот и корисниците веќе нема да можат да ги користат овие екстензии. За бизнис корисниците ќе има продолжен рок до јуни идната година.
За повеќето екстензии користењето на Manifest V3 не претставува некој проблем и истите ќе продолжат да функционираат исто, а корисниците нема да забележат некаква разлика. Од Google истакнуваат дека и сега повеќе од 85% од екстензиите се направени со Manifest V3.
Вниманието за Manifest V3 правилата, кои треба да донесат поголема приватност и безбедност за корисниците, се привлекува од страна на екстензиите за блокирање на реклами и следачи.
Дел од функциите на овие екстензии нема да можат да функционираат, па кратко кажано, корисниците нема да можат да продолжат да ја добиваат истата заштита од нив како досега.
Овие промени можно е да донесат одреден процент од корисниците да се префрлат на алтернативните прелистувачи кои имаат вградени заштити кои не се достапни на Chrome.