Фото: Google

Google реши дека уредите за виртуелна, проширена, мешана и слична реалност, ќе бидат доволно популарни во иднина, па нивниот Android систем треба да биде прилагоден специјално за ваквите уреди. 

Резултат на тоа е посебната Android XR верзија која од компанијата истакнуваат дека е развиена во соработка со Samsung и Qualcomm. Тие додадоа дека Samsung идната година ќе претстави очила за проширена реалност, а истите ќе функционираат на оваа нова верзија од Android. 

Засега нема многу информации за тоа што може да се очекува од Android XR, а програмерите добиваат пристап до истата за да можат да почнат да развиваат апликации. 

Како што би се очекувало, Android XR ќе овозможи платформа за апликациите да бидат прикажани на уреди кои стојат веднаш пред очите на корисниците, а засега тие се доста погодени за гледање на видео содржина или играње игри. 

Од компанијата најавија дека работат на посебни верзии од нивните Maps, YouTube и Photos апликации за овој систем, а посебно истакнаа дека Chrome ќе може да се користи во форма на повеќе прозори еден до друг. 

Може слободно да се заклучи дека иако Apple Vision Pro не е нешто популарен засега, ваквите уреди ќе ги има се повеќе во иднина и не само од Apple секако. 

Android XR е осигурување од страна на Google дека VisonOS од Apple нема да биде главниот систем за уредите за проширена реалност, па Android страната добива соодветна конкуренција. 

Очекувано, Android XR ќе има интеграција и со Gemini, со што корисниците добиваат пристап до паметниот асистент и кај ваквите уреди. Од Gemini може да се очекуваат повеќето функции кои сега се достапни на мобилните и компјутерите. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаSkype веќе не може да се користи со кредити за телефонски повици
Следна статијаОд Google тврдат дека нивниот нов квантен чип Willow не може да ја пробие шифрираната комуникација и заштита
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.