Во време кога поради глобалното затоплување и загадувањето, заштитата на животната средина и алтернативните извори на енергија се меѓу најчестите теми, важно е да им се оддаде почит на оние кои се трудат да го подобрат светот во кој живееме – без разлика дали се поединци или големи мултинационални компании. Добар пример за ова е американската Агенција за заштита на животната средина, која секоја година ја доделува престижната награда Energy Star, земајќи во предвид многубројни фактори – од енергетска ефикасност, заштеда на вода, до намалување на отпадот преку рециклирање. По тоа светло на компанијата Samsung и е доделена награда за долгогодишната посветеност во ублажувањето на климатските промени, преку постојани подобрувања на ефикасноста и промените во дистрибуцијата, производството, поправката и рециклирањето, намалувајќи го штетното влијание на уредите кои корисниците ги посакуваат.

Одржливо и лесно перење алишта  

Голема улога во нашето влијание врз климатските промени имаат апаратите за домаќинство и начинот на кој ги користиме, поради што нивната енергетска ефикасност е наметната како едно од најважните барања на секое современо домаќинство. Така на пример, QuickDrive™ технологијата на новата WW9800T Samsung машина за перење ја намалува потрошувачката на енергија за 20 проценти, а времето на перење на алишта за дури 50 проценти, без да влијае на квалитетот на чистење. 

Машините за алишта користат најмногу енергија за загревање на водата, па затоа е пожелно да се приклучат директно на доводот со топла вода, со што значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија. Од друга страна, со EcoBubble™ системот, загревањето на водата често и нема да биде потребно, бидејќи оваа технологија го подобрува ефектот на детергентот претворајќи го во меурчиња, кои побрзо продираат низ ткаенината дури и во ладна вода.

Исто така, важно е да се обрне внимание и на количината на детергент и соодветните програми за перење – AI Wash опција на машината за алишта WW9800T користи сензори за да ја детектираат тежината и видот на материјалот на алиштата кои се во барабанот, но и да ја проценат потребната количина на вода и детергент, додека AI Control ја елиминира потребата корисниците да ги разгледаат достапните програми за да ја пронајдат вистинската.

Правилна организација на храна и продолжена свежина

Покрај машините за алишта и фрижидерите можат да бидат многу штетни за животната средина, пред се поради неправилното чување на храна, што доведува до создавање на големи количини отпад. Добрата организација на фрижидерот го намалува процентот на храна со истечен рок на траење, а создавањето зони во внатрешноста на фрижидерот ни помага не само побрзо да забележиме што има во него, туку и да избегнеме вкрстено контаминирање на храната. Samsung RB7300 фрижидерот има Optimal Fresh+ преграда што може да се подели во две зони со различни температури, додека дополнителна Humidity Fresh+ фиока овозможува прилагодување на оптималната влажност во контејнерот и со тоа ја подолго задржува свежината особено на осетливото овошје и зеленчук. Со помош на внимателно дизајнираните отвори за вентилација и All Around Cooling системот се обезбедува целосно и рамномерно ладење на храната на сите нивоа, трошејќи помалку енергија.

Покрај тоа, споменатиот модел на  Samsung фрижидер нуди повеќе простор за складирање во стандардни димензии, што се должи на високо ефикасната изолација на технологијата SpaceMax, што овозможува sидовите на фрижидерот да бидат значително потенки. RB7300 моделот поседува и No Frost технологија, која спречува акумулација на мраз и одржува постојана температура на секој агол, со скоро двојно побрзо ладење, која помалку го оптеретува системот за ладење и го продолжува неговиот век на траење.

Претходна статијаМакедонска Каменица ќе заштеди 4-5 милиони годишно со помош на Паметно осветлување
Следна статијаАко подзаконскиот акт на Законот за електронски комуникации биде усвоен без јавна расправа, ќе бидат загрозени многу помалите оператори