Google оваа недела претстави нова функција за нивниот Gemini „четбот“ која може да се каже дека го донесува чекор поблиску до вистински дигитален личен асистент. Оваа новина се додава на веќе напредните функции на Gemini во овозможување повеќе лични одговори, а сега функционирањето се проширува со можноста за поврзување со апликациите и сервисите од Google.
За почеток поврзувањето може да се направи со Google Search, односно корисниците можат да му овозможат на Gemini пристап до нивната историја на пребарување. Со тоа Gemini ќе може да даде повеќе лични и важни одговори за корисникот, а асистентот паметно ќе одлучува кога искористувањето на историјата на пребарувања им потреба да се случи.
Понатаму Gemini ќе може да се поврзе со Google Photos и YouTube, па со тек на време корисниците ќе добијат можност да користат асистент кој навистина ги „познава“.
Секако, колку и да се корисни ваквите функции, веднаш се поставува прашањето за приватноста на корисниците. Тука секако не може да се направи премногу, освен да не се користат ваквите асистенти, а од Google истакнуваат дека, покрај доволно очигледните најави при вклучување на функцијата, корисниците ќе имаат можност да ја исклучат историјата на пребарување од Gemini.
Корисниците можат да ја вклучат оваа нова функција на Gemini преку веб во делот за избор на јазичен модел, под името „Personalization (experimental), а наскоро се очекува ова да може да се направи и преку мобилната апликација.
За функционирањето на оваа новина се користат најновите модели, односно Gemini 2.0 Flash, што значи дека корисниците ја добиваат истата способност како досега.