Samsung денеска ја најави посебната и во ограничени количини верзија од Galaxy Z Flip5, која е направена во чест на 20 годишнината од SGH-E700 телефонот од компанијата.

Galaxy Z Flip5 Retro телефонот е избран секако поради тоа што и тој е „флип“ телефон, но во доста помодерна форма за разлика од тие пред 20 години. Сепак, за доста старите телефони беа многу повеќе популарни и до појавата на смартфоните овие уреди го привлекуваа главното внимание.

Тоа што Galaxy Z Flip5 Rretro го „позајмува“ од SGH-E700 се познатите бои, односно индиго сината боја во комбинација со сребрените делови, а тука се и софтверските делови, како и анимации.

Овој телефон нема да биде достапен секаде, па корисниците ќе можат да го купат онлајн преку страната на Samsung само во Јужна Кореа, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Шпанија и Австралија.

„Galaxy Z Flip5 Retro црпи инспирација од SGH-E700, производ кој ја освои имагинацијата на пазарот со својот исклучителен дизајн и перформанси пред 20 години во 2003 година. Во тоа време, SGH-E700 беше револуционерен мобилен телефон, кој беше првиот што има вградена антена. Оваа иновација, заедно со широката популарност на телефонот, одигра клучна улога во унапредувањето на позицијата на Samsung во индустријата за мобилни телефони.“ – истакнуваат од Samsung.

Во кутијата корисниците ќе имаат и неколку картички, како таа со различните логоа на компанијата или картичката за колекционерите со уникатен сериски број.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаДали добро спиеме? Samsung одговара на вечното прашање со глобалната студија за здрав сон
Следна статијаMicrosoft Word беше претставен пред 40 години, а денеска останува една од главните апликации за пишување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.