После огромниот број на неофицијални информации, најави, шпекулации и слични занимации кои се нормални пред претставување на најпознатите смартфони, конечно Samsung го закажа настанот на којшто ќе го претстави Galaxy Note 8.

На поканата за својот традиционален Unpacked настан, како и обично, не пишува за кој уред се работи, меѓутоа јасно е и од самата слика дека нема кој друг да биде освен Note 8. Зборовите кои се користат говорат за уред со кој корисниците ќе можат да прават поголеми работи, па јасна е пораката.

Настанот ќе се одржи на 23 август во Њујорк и ќе може да се следи во живо преку страната на Samsung, односно преку нивниот YouTube канал. Настанот треба да почне во 17 часот по македонско време.

Од Note 8 очекувањата се големи, а посебно поради проблемите кои се јавија минатата година со 7цата, по што телефонот мораше да биде повлечен од продажба.

Ние очекуваме дека Note 8 ќе биде едно одлично продолжение на S8ците, иако не се работи за истата серија на уреди, кое ќе продолжи да ја претставува технологијата која ја развива Samsung.

Извор: Samsung

Претходна статијаMicrosoft и Johnson Controls лансираат паметен термостат наречен GLAS
Следна статијаИнтервју со Иван Станковиќ кој на Weekend Media Festival ќе ни открие што сакаат жените
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.