Корисниците при купување на лаптоп компјутер имаат прилично добар избор, но сепак останува проблемот со промената на компонентите во иднина, нешто што не е проблем кај десктоп компјутерите. Компанија од Сан Франциско сака да го промени ова, да додаде уште поголем избор од што би се очекувало, а патем да придонесе кон намалување на електронскиот отпад и со тоа заштита на околината.

Основач на компанијата е Нирав Пател кој бил вработен во познатата Oculus компанија, а исто така има работено во Apple. Framework започнува со работа во 2019 година, а оваа пролет ќе може да се купи нивниот прв производ Framework Laptop.

Framework Laptop доаѓа со алуминиумско куќиште со тежина од 1,3 килограми и дебелина од 15,85 милиметри. Големината на екранот е 13,5 инчи со формат од 3 на 2 и резолуција од 2.256 на 1.504 пиксели. Со лаптопот исто така доаѓа и веб камера со 1.080p резолуција со 60fps, како и 55W батерија.

За работата на лаптопот се грижи чип од Intel, поточно од 11-тата генерација, со W-Fi 6E, до 64GB DDR4 RAM, како и до 4TB Gen4 NVMe простор за податоци.

До тука може да се каже дека лаптопот не е нешто различен од било кој друг лаптоп, каде корисниците можат да ги изберат саканите карактеристики. Разликата доаѓа во можноста да се променат сите делови од лаптопот, со што тој во теорија, би требало да има скоро неограничен рок, освен ако корисникот не сака друга големина.

Корисниците ќе можат да ја променат целата матична плоча, рамките околу екранот, можат да менуваат и да бираат на која страна кои порти да им се достапни, а на секој дел кој може да се менува е достапен QR код кој води до страната за избор на делови.

Замислата е да од компанијата произведуваат достапни делови, но во тоа да се приклучат и трети страни со што корисниците ќе имаат многу поголем избор.

Исто така, Framework Laptop е достапен и во DIY варијанта каде корисниците можат да ги добијат саканите делови и самите да го состават својот лаптоп и да изберат кој оперативен систем сакаат да го инсталираат.

Останува само да видиме дали корисниците ќе видат некаква предност во овој начин на купување на својот лаптоп компјутер, односно дали доволно корисници, затоа што сигурно ќе има одредена група.

ИЗВОРFramework
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСо А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт телевизор
Следна статијаПетнаесет години на самиот врв – Samsung прогласен за водечки производител на телевизиски технологии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.