Една од покорисните функции достапни кај прелистувачите како Chrome, на пример, за корисниците кои отвораат доста голем број на „табови“, е можноста истите да се групираат. 

Со групирањето на табовите корисниците добиваат некаква прегледност на истите, па многу полесно можат да ги најдат и отворат тие што им се потребни во моментот. 

Иако оваа функција е корисна за било кои корисници, сепак тие што отвораат по 20 табови и повеќе имаат најголема корист. 

Најавена и во тест фаза уште од минатата година, Firefox конечно ја добива оваа функција, а истата официјално е наречена Tab groups, едноставно. 

Групирањето на табовите се прави со повлекување на еден таб врз друг, со што се креира нова група. Како што е случајот и кај конкурентите, корисниците имаат можност да им дадат име на групите, како и различна боја. 

Со притискањето врз името на групата, табовите се „сокриваат“ со што гужвата од табови драстично се намалува, а доколку нивното групирање и именување е направено како што треба, доста лесно може да се дојде до потребниот таб во секое време. 

Од Mozilla истакнуваат дека оваа функција е најбараната на нивната Mozilla Connect платформа, па уште од нејзиното претставување корисниците почнале да ја бараат функцијата. 

За во некоја од наредните надградби се најавува додавање на „паметен“ дел кај функцијата, односно предлози за кои табови да се групираат, како и предлози за нивно именуање. Ова секако ќе се прави со помош на вештачката интелигенција. 

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаРСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
Следна статијаМакедонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.